Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници
СВЕТ

Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници

Објавено January 26, 2025 09:56
Сподели
Сподели

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во Израел.

Таа беше дел од групата четири заложнички кои Хамас ги ослободи вчера.

Леви била киднапирана на 7 октомври 2023 година при упадот на припадниците на Хамас во Израел.

Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, изјави роднина на ослободена заложничка.

Наама Леви, како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви на табла, на англиски и на хебрејски јазик напиша: „Конечно дома“.

Македонската врска на Леви е преку нејзината чукун баба, Грасиа Бивас која била родена во Македонија во 1893 година. Бабата, како девојче заминала во Израел каде што основала семејство.

Претставници од еврејската заедница од Северна Македонија, како и претставници од роднините на Леви, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување базирано на нејзиното македонско потекло.

They’re in our hands now and we are not letting go💛

Welcome home, Daniella, Liri, Karina and Naama. pic.twitter.com/A1V9FcbQY6

— Israel Defense Forces (@IDF) January 25, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО: Ја следел од трговски центар до зградата во која живеела, па се обидел да ја силува
Следна Статија Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Фајненшл Тајмс: Ова е планот на Трамп да стави крај на војната во Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да стави крај на војната во Украина со „замрзнување“ на конфликтот доколку победи на…

October 29, 2024
СВЕТ

Европската комисија бара координација за да нема недостиг на керозин во летната сезона

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската Унија да бидат подготвени и координирано да дејствуваат за да се избегне недостиг…

April 22, 2026
СВЕТ

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток

Светскиот индекс на цените на храната се зголеми трет месец по ред во април, поттикнат од зголемувањето на трошоците за…

May 10, 2026
СВЕТ

МАЖ ГО ПРЕЖИВЕА НЕВОЗМОЖНОТО: Се спаси благодарение на фрижидер пловејќи на него на 50 километри оддалеченост од брегот (видео)

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за фрижидер додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?