Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во во Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во во Штип
Blog

Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во во Штип

Објавено November 2, 2024 17:32
Сподели
Сподели

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против 33-годишен осомничен.

На 1 ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. Откако со жртвата се договориле да се сретнат во помошен објект на ЈП Исар, каде и претходно често се среќавале за да разговараат за проблемите во нивната врска, меѓу нив настанала расправија, по што осомничениот физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници, па ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел подолго време додека жената не престанала да дава знаци на живот. Потоа самиот се пријавил во полициската станица во Штип.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а се работи и за претходно осудувано лице, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Саздовски, помош ќе има и од Општина Куманово
Следна Статија Прва исповед на таткото на загинатите девојчиња Сара и Тина во Нови Сад: Немам зборови да ја опишам оваа тага и болка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Actor Robert Carradine Dies At Age 71 – Deadline

Actor Robert Carradine Dies At Age 71

February 26, 2026
Blog

Бил Гејтс верува дека само три професии ќе го преживеат доаѓањето на вештачката интелигенција

Бил Гејтс верува дека само три професии ќе го преживеат доаѓањето на вештачката интелигенција. Во случај да некако сте ги…

March 27, 2025
Blog

Најк го намалува производството во Кина

Најк ќе го намали своето производство во Кина за американскиот пазар за да го ублажи влијанието на царините наметнати од…

June 28, 2025
Blog

Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци

Стоиме пред вас како луѓе кои 8 години се соочуваат со системска неправда, истакна Јане Ченто кој поднесе кривична пријава…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?