Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Објавено February 5, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на Интерпол во Лион, Франција.

Посетата се одвива на покана на генералниот секретар Валдеси Уркиза со кој одржале плодна работна средба.

Јанев вели дека стратешки и оперативни прашања важни за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, нашето активно учество во глобалната полициска соработка биле во фокусот на денешната средба.

-Добивме признание за континуираниот придонес на македонската полиција во борбата против сите видови на криминал. Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка за која сите се заложивме дека ќе продолжи и во иднина. Се запознавме со иновациите за полициското работење, активностите на Извршниот Директорат за полициски сервиси, го посетивме и Командниот и координативниот центар на Интерпол, кој 24 часа дава оперативна поддршка на сите 196 држави членки на меѓународната полициска организација, а се запознавме и со активностите и придонесот на полицискиот службеник од МВР упатен на работа во Генералниот секретаријат на Интерпол. Професионализмот и посветеноста на македонската полиција е препознаена како силен партнер кој придонесува кон глобалната безбедноста и безбедноста на нашите граѓани и земја, истакнува Јанев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис
Следна Статија Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со армиски хеликоптер се гаснеше пожарот во Русиново

Денес, во период од 12:00 до 15:00 часот, хеликоптер Ми-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ беше ангажиран за гасење на…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје вчера ја изгласаа Одлуката за утврдување…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд.…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Се излеа Маркова река, поплави низ Батинци

Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?