Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат

Објавено February 7, 2025 12:10
Сподели
Сподели

Дојавите за поставени бомби кои ги добија утринава основни и средни училишта во државата се лажни, а министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека според нејзините инфоррамции, заканите стасале на приватни мејл адреси.

Првите информации кои ги добив е дека заканите не ги добиваат на службените мејлови, туку на приватни или било какви кои не треба повеќе да ги користат. Сите дојави се лажни, направени се проверки во училишните објекти, а учениците се вратени на настава. Жалам што некој си поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста, изјави на денешната прес-конференција министерката Јаневска.

Утринава во повеќе градови во Македонија училишта добија дојава дека во нивните објекти се поставени експолозивнии направи. По направената проверка, училишните власти ги повикаа децата да се вратат на настава.

По дојавите дека се поставени експолизвни направи во основните и средни училишта во државата, утрово во координација со повеќе институци формиравме меѓуресорка група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање на мерки за одржаување на безбедноста на училишните објекти на соодветно ниво. Утрово одржавме состанок со претставниците на МВР и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на министерството за информатичко општество и ФИНКИ, кажа денеска министерката за образование.

Јаневска објасни дека училиштата во случај на дојави за експолизивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатставата и протоколите.

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН чија безбедност ја подигнавме со двојна афтентикација, најавување, согласно европските безбедносни стандарди. Со ова им давам одговар на одредни училишта кои реагираа од ваквата потреба. Општините, под чија надлежност се училиштата, имаат исто така свои обврски, иако во најголем дел од училиштата има, препорачуваме согласно можностите да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта треба да се погрижат овој сензитивен период да бидат претпазливи околу тоа кој и како влегува во објектите, безбедноста на децата е на прво место, должност на сите нас е да се погрижиме училиштата да останат мирна и хармонична средина. МВР исто така постапува, ги смирувам граѓаните, се е под контрола и се ќе биде во ред, изјави Јаневска.

Во октомври 2022 година месец наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби. Подоцна, и во основните училишта се прекинуваше наставата поради лажните дојави за поставении експолозивни направи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар
Следна Статија Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани

Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските. На граничниот премин Табановце за неполн…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЈПС – Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон

Со супер апликацијата за мобилни услуги ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги, вели заменик министерот за дигитална…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?