Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска ги разбира родителите кои бојкотираат, но вели дека станува збор за дете – жртва на осуда на општеството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска ги разбира родителите кои бојкотираат, но вели дека станува збор за дете – жртва на осуда на општеството
МАКЕДОНИЈА

Јаневска ги разбира родителите кои бојкотираат, но вели дека станува збор за дете – жртва на осуда на општеството

Објавено December 5, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Две скопски училишта влегоа во бојкот поради ученик со насилно поведение. Од вчера во „11 Октомври“, а од денес и во „Лазо Ангеловски“, родителите не ги носат своите деца на настава. Детето прво учело во Ново Лисиче, а сега се најавува дека ќе учи во Центар. Законот го знаеме, секое дете има право на образование, но како родители разбирливо е да не бираме средства кога целта ни е да си ги заштитиме децата. Како треба да се реши овој проблем? Кој треба и како да постапува?

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во ексклузивна изјава за КУРИР, порачува дека ги разбира родителите и децата, но посочува дека и ученикот е дете на кое му треба помош и заштита.

-Јас ги разбирам родителите кои стравуваат за сопствените деца, но станува збор исто така за дете. Малолетно дете кое треба да се вклопи во средината, односно во општеството. Првенствено треба да се испитаат причините зошто е такво однесувањето на детето, а за да се стори тоа и да може понатаму да се делува да се коригира однесувањето на детето, треба да се вклучат повеќе фактори од државниот систем. Првенствено училиштето со своите стручни служби би требало да може на некој начин да го реши проблемот, но соработката со родителите е од исклучителна важност. И стручните служби на училиштето и родителите би требало примарно да влезат во решавање на проблемот. Доколку тука нема резултати, секако треба да се вклучи и социјалната служба, односно Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерството има сериозни законски обврски поточно Центарот за социјални работи, за да помогне во решавање на овој проблем, рече Јаневска.

Таа оценува дека се дозволило проблемот да ескалира. При таква состојба е дојдено до момент кога детето кое било насилно кон други, сега станува жртва.

-Очигледно е дека системот е малку тромав и се дозволи овој проблем да ескалира премногу. Во овој момент детето станува жртва на однесувањето на општеството. Бојкот во едно училиште, бојкот во друго училиште, неможност да се справиме со проблемот. МОН во еден момент се вклучи во решавање на проблемот и постапивме така како што треба и како што е предвидено да постапиме, но сега ќе мора малку повеќе да се вклучи Центарот за социјални работи за дефинитивно да го решиме овој проблем. Детето има право и на образование, но и на мирен, пристоен живот. Детето има право да му се реши проблемот. Тоа е дете и не може само да си го реши. Затоа постои државата и организиран систем кој треба да го реши. Ќе се вклучат сите потребни институции кои ќе треба да го решаваат овој проблем, сега малку позабрзано. Ние исто така се ангажираме и ги повикуваме институциите позабрзано, поупорно и подлабоко да поработат на ова случување за да првенствено му помогнеме на ова дете кое е како и сите други деца од 9 години. Ниту смееме ниту имаме право, а имаме морална обврска да се грижиме за секој граѓанин на оваа земја. Тоа дете ги има истите права како и сите други деца и ние сме должни да го решиме тој проблем, посочи министерката за КУРИР.

Ова е само една од темите за кои во Министерството за образование и наука разговаравме со Јаневска, објавија од КУРИР, а во текот на утрешниот ден ќе објави ексклузивно интервју со министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат по многу години Македонија има месечен суфицит во Буџетот
Следна Статија Пауел: „Биткоинот не е конкуренција на доларот, туку на златото“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура

Директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?