Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Објавено January 27, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за драфт верзија поставена на јавна расправа. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска откако дел од гимназиските професори преку отворено писмо се спротивставија на новата Концепција, коментирајќи дека со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови.


Јаневска објасни дека во моментов се прибираат сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе биде донесен конечниот заклучок.

„Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците“, изјави Јаневска.

За предметот Сексуално образование, министерката во изјава за медиумите рече дека овој предмет останува слободен изборен предмет во деветто одделение и продолжува во средното образование.

Коментари и забелешки за новата концепција може да се испраќаат на веб страницата на Бирото за образование најдоцна до 31 јануари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Знакот на кој сè ќе му оди од рака во февруари и март
Следна Статија Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, таму се упатува и еден армиски хеликоптер

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави Жерновски, без никаква претходна најава, информацијата ја дознал…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со Извештајот имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, ги менуваме работите, забележана е борбата против корупцијата

Денес го добив извештајот на Европската Комисија кој се однесува на изминатата една година поточно за периодот септември 2023 и…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје и утринава e меѓу 10 најзагадени градови во светот

Деновиве главниот град беше на 4 тото место по загаденост во светот. Утринава индексот на загадување на воздухот е 129…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?