Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
МАКЕДОНИЈА

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Објавено December 19, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.

– Затоа што билетите за 2025 не се продолжуваат на билетарниците на ЈСП. Од друга страна, од МОН се произнесоа дека се предвидени средства. Во текот на септември градоначалничката имаше дадено изјава дека има заостанат долг во неколку милиони денари којшто треба да се плати, покрај од страна на Министерството и Владата. Останува да почекаме одговор од страна на институциите. Доколку не, УСС на УКИМ ќе преземе соодветни реакции и мерки со кои ќе го искаже ставот. Смешно е студентите да немаат бесплатен превоз, мерка што е обезбедена десет години по ред од страна на Владата. Во програмата на сегашниот градоначалник беше мерката бесплатен јавен превоз за сите граѓани, а сега доаѓаме во ситуација кога се зборува за укинување на превозот за студентите што навистина не би било во ред за студентскиот стандард, изјави Николоски.

На прашањето какво образложение добиле од институциите, одговори рече дека „дел кажуваат дека нема да има бесплатен градски превоз“, а од ЈСП во телефонска комуникација им било кажано дека „се уште се чека одлука од Град Скопје“.

– Одговорот од МОН е дека има предвидено средства, чекаме да се произнесе дали ќе има или ќе нема за веќе да може да им ги продолжат картичките на студентите. Секојдневно комуницираме, во текот на идната недела веќе треба да има одговор од страна на институциите, изјави претседателот на студентската организација на УКИМ.

Доколку останат без бесплатен превоз, една од опциите, рече Николоски, е да протестираат пред институциите.

– Другата опција е активно да комуницираме и да притискаме мерката да продолжи затоа што ако МОН предвидело средства, треба МОН и Град Скопје како одговорни институции да се договорат што ќе прават со заостанатиот долг, а тековно да си продолжи бесплатниот градски превоз како мерка за студентите, додаде Николоски одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовирана иницијатива на Форумот за образовни промени за субвенциониран меѓуградски превоз за студенти што не студираат во градот каде што живеат.

На промоцијата присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој на прашањето за проблемот со бесплатниот превоз на студентите во Скопје, колку пари должи МОН и дали се обезбедени средства во буџетот, кој Собранието го усвои минатата недела, не одговори конкретно.

– Одговорот на тоа прашање треба да го побарате кај градоначалничката бидејќи Министерството веќе има изнесен став. Овој проблем што сега е појавен е во одговорност на Градот Скопје и на градоначалничката. Можам да кажам дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за транспорт на студентите, но за тоа ќе треба да се донесе дополнителна одлука од страна на Владата. Буџетот треба да помине на Собрание, да не кажуваме бројки кои може да бидат изменети и додека се носи буџетот, рече Алиу.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова повика „институциите да престанат да си ја подаваат топката едни на други“ и, како што рече, „во најкраток можен рок, до крајот на неделава или наредната да го решат ова прашање на студентите“.

Драгана Бојкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собранискиот Клуб на млади, не прецизираше каде е проблемот и решението за превозот, но во изјавата се осврна на досегашните политики на Владата за подобрување на студентскиот стандард и условите во студентските домови.

Во својата изјава за медиумите таа соопшти дека во буџетот за 2025 се предвидени повеќе средства за субвенциониран студентски оброк и дека во договор со студентите ќе се одредува дали таа субвенција ќе ја има истата сума или ќе се зголеми опфатот на студентите што ќе го имаат тоа право.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје
Следна Статија ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем. – Господинот Љупчо Коцевски…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник

Во овие осум децении од нивната печатница излегоа 8.000 изданија, а на годишно ниво се издаваат по 300 броја во…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави низа промени кои ќе влијаат на функционалноста на наставниците и образовниот систем…

December 28, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?