Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун
СВЕТ

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун

Објавено December 31, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Јужнокорејски суд денеска го одобри налогот за апсење на претседателот Јун Сук Јеол, кој беше отповикан и суспендиран поради неговата одлука да воведе вонредна состојба на 3 декември, објави агенцијата Јонхап.

Канцеларијата за истраги за корупција (ЦИО), која го истражува Јун за неочекуваното воведување на воена состојба, потврди дека Окружниот суд во Сеул го одобрил налогот за апсење.

ЦИО не ги коментираше причините на судот за одобрување на наредбата за апсење, а самиот суд одби да коментира. Не е познато кога и како ќе биде извршен налогот за апсење на Јун.

Безбедносната служба на јужнокорејскиот претседател денеска соопшти дека по налогот за апсење ќе се постапи во согласност со законската процедура.

Судот одобри и налог за претрес на резиденцијата на Јун, објави ЦИО.

Полицијата претходно неуспешно се обиде да ја претресе претседателската канцеларија како дел од истрагата бидејќи службата за безбедност на претседателот им забранила пристап.

Ова е прва потерница издадена во Јужна Кореја за актуелен претседател, јавуваат локалните медиуми.

Јужнокорејските власти вчера побараа налог за апсење на Јун, кој се соочува со кривична истрага поради можни обвиненија за бунт.

Обвинението за бунт е едно од ретките за кои јужнокорејскиот претседател нема имунитет.

Привремениот лидер на владејачката Партија на народна моќ (ППП) Квеон Сеонг-донг денеска изјави дека обидот за апсење на актуелниот претседател е несоодветен, пренесе Јонхап.

Бирото за истраги за корупција вчера соопшти дека Јун игнорирал три покани да се појави на сослушување.

Неуспешниот обид на Јун да воведе воена состојба ја шокираше нацијата, но тој беше отфрлен само неколку часа подоцна по големите реакции на јавноста. Јужна Кореја оттогаш е во политичка криза.

Националното собрание гласаше за импичмент на Јун на 14 декември, а Уставниот суд отвори постапка за да донесе конечна одлука дали гласањето на собранието е уставно или не.

Чои Санг Мок од петокот ја извршува функцијата претседател на земјата, откако пратениците гласаа за импичмент на вршителот на должноста претседател Хан Дак Су, едвај две недели откако Јун беше соборен од претседателската функција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров
Следна Статија Дедо Мраз во Сараево се „заглавил“ на покривот на градинката, му помогнала спасувачка екипа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е…

September 9, 2025
СВЕТ

Трамп од Анкара упати критика до НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од…

July 7, 2026
СВЕТ

Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел. Сепак, се чини дека израелската воздушна одбрана…

June 21, 2025
СВЕТ

На мртви Американци им се исплаќале чекови

Американските федералните агенции годишно губат стотици милиони или милијарди долари поради непотребни или грешни исплати на бенефиции, вклучително и исплати…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?