Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kарерас и македонските звезди на 1 септември на плоштад „Македонија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Kарерас и македонските звезди на 1 септември на плоштад „Македонија“
ЗАБАВА

Kарерас и македонските звезди на 1 септември на плоштад „Македонија“

Објавено May 27, 2026 14:16
Сподели
Сподели

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар“ – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски.

Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион.

null

Калиопи, изјави дека претставува голема чест и привилегија да се биде дел од нешто со што  славиме толку години држава и независност, порачувајќи дека таа вечер единствена голема ѕвезда ќе биде нашата прекрасна Македонија, која ќе има прилика да го угости еден од најголемите тенори на сите времиња.

null

– Голем вистински момент е што Карерас ќе стапне на светата земја Македонија. Земја на музиката, земја на многу талентирани гласови и музичари и мислам дека ние ќе бидеме нежни со него и ќе го угостиме на начаин, што само ние умееме – рече Калиопи, нагласувајќи дека овој концерт за неа ќе биде празник и некаков нов почеток за нешто, што не ни се случило.

Каролина Гочева порача дека претставува чест да се настапи по повод 35 години независност на својата земја.

null

– Сум била досега неколку пати на ваквите прослави и секогаш со големо заодоволство сум настапувала. Сега ми е посебно драго што освен нашите музички великани ќе ни се придружи и еден музички великан од светската сцена – изјави Гочева.

Влатко Стефановски изрази големо задоволство што седи на маса со своите драги пријатели и проијателки, музичари со кои, како што рече, се среќаваат од време на време за убави прилики.

null

– Ние цело лето ќе бидат на разни страни, меѓутоа верувам дека до 1 септември ќе се прибереме живи здрави и ќе уживаме на тој голем спектакал – рече Стефановски.

Сузана Спасовска рече дека по повод јубилејот 35 години години независност сите ќе покажат колку се дале во овие години и што се направиле за Македонија, а исто така и таа за нас.

null

– Драго ми е што и оваа година ќе бидам на плоштадот заедно со оваа екипа и Македонската филхармонија. Благодарност за поканата. Убаво е што ќе имаме голема светска ѕвезда, но сите ние ќе покажеме што значи македонската песна и што сме ставиле во овие 35 години во тој голем македонски мозаик, на таа македонска сцена. Македоија не само 35 години, би сакала да биде вечна – изјави Спасовска.

Ана Дурловски, изрази задоволство за поканата да учествуваат во музичкиот програм и со таа наша уметничка зрелост и вокална естетика ќе придонесеме за достојно одбележување на најголемиот државен празник.

null

Владината портпаролка, Марија Митева, на прес-конференцијата посочи дека како Влада се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност.

– Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и светски ѕвезди – изјави Митева.

null

Митева, исто така, најави дека ќе следуваат уште настани во рамки на одбележувањето кои ќе бидат дополнително откриени.

Бобан Милошески од „Авалон Продукција“, на прес- конференцијата по повод одбележувањето на „35 години независност“, рече дека ова е вечер на спој на македонската музика со светската класика.

– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско, кое ќе покаже дека воопшто во ниту еден сегмент не е ниту помалку светско, ниту помалку квалитетно. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија олл стар е личен мој избор и јас носам одговорност дали требало да има уште некој друг – изјави Милошески.

null

Тој посочи дека во „Македонија олл стар“ биле повикани и Владо Јаневски и Симон Трпчески, кои за жал не се во Македонија во тој период и нема да можат да настапат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Верниците од муслиманска веросиповед го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам
Следна Статија На седми јуни “Кралевите“ ќе бираат нов претседател

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џеф Безос продаде вила за рекордна сума

Џеф Безос, сопственикот на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари бидејќи ја продаде својата…

May 11, 2025
ЗАБАВА

Судбоносните денови доаѓаат: Овие четири знаци чекаат луксуз и среќа за кои никогаш не сонувале

Јуни носи судбоносни денови за четирите знаци кои конечно ќе почувствуваат што значи вистински луксуз и среќа. Ако сте меѓу…

June 11, 2026

Едноставни совети за раскошно цветање на розите во лето

Елегантни, миризливи и раскошни, розите се едни од најомилените цвеќиња во градините. Сепак, во летните месеци им е потребна посебна…

May 25, 2026
ЗАБАВА

Се распаѓа родната куќа на Јелена Докиќ по смртта на таткото Дамир

Дамир Докиќ, таткото на Јелена Докиќ кој почина пред неколку дена е роден кон крајот на 50-тите години од минатиот…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?