Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана
ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Објавено December 27, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за паника околу мајмунските сипаници и нагласи дека е запознат е со случајот во Косово. Тој потсетува дека кај нас досега нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а доколку се појави, вели дека се подготвени и дека имаме стручњаци добро запознати со болеста.

Кај нас нема. Запознат сум со случајот, имав долг разговор со директорот на Инфективната клиника во Приштина. Пациентот е стабилен, сѐ е под контрола во моментов, нагласува Цана за МИА.

Тој појаснува дека станува збор за изолиран случај на граѓанин на Косово, кој работел подолго време во странство.

Не е автохтон, туку е импортиран случај. Граѓаните кај нас може да бидат мирни. Нема простор за паника, додава директорот на Инфективната клиника.

Според Цана надлежните имаат капацитети да се справат доколку и кај нас дојде оваа болест.

Апсолутно сме подготвени во случај и кај нас да се појави лице со мајмунски сипаници. Може да се справиме со такви случаи. Имаме експерти, тоа е поле на Инфективна клиника, така што, болеста како болест ни е позната и сѐ што може да се преземе околу тоа, вели директорот на Инфективната клиника.

Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија
Следна Статија Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Најавена реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство.…

January 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Се решава недостатокот на персонал во прилепската болница, се вработуваат 21 доктор и над 100 здравствени работници

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски објави за напредокот кој за една година е постигнат во Општата болница Прилеп. -При посетата…

July 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Космичките зраци можат да влијаат на воздушниот сообраќај: експерт за планетарна одбрана открива

Пилотите брзо се опоравиле, но можело да биде и полошо

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?