Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како кумашинот на Александар ја поврзал снимката со цитроенот на Панче со Вања?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Како кумашинот на Александар ја поврзал снимката со цитроенот на Панче со Вања?
ХРОНИКА

Како кумашинот на Александар ја поврзал снимката со цитроенот на Панче со Вања?

Објавено October 16, 2024 15:57
Сподели
Сподели

Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на полицијата Музафер Каришиќ кој рече дека му било многу чудно како извесен Гоце Трајковски му дал снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски од бензиска станица кај Велес.

Каришиќ напомена дека во моментот кога ја добил снимката полицијата немала никаква поврзаност помеѓу Панче Жежовски и киднапирањето на Вања Ѓорчевска.

Гоце и Александар биле старо кумство и се понудил да помогне во пронаоѓање на девојчето. Тој обезбедил и неколку снимки од камери низ Скопје.Гоце му предочил и за снимка од објект во непосредна близина каде што е грабната Вања и која би можела да го покаже моментот на кидинапирањето.

Но, кога полицијата отишла кај сопствениците на објектот да им ја дадат снимката од кобниот ден кабелот од камерата бил пресечен.

Во деновите по грабнувањето Каришиќ имал средби со Гоце и Александар и на една од нив се гледа „цитроенот“ на Панче на безниска кај Велес во кој бил и Боре Видоевски.

Кога го прашал зошто му ја дава, кој се лицата што се гледаат и каква врска има со Вања Гоце рекол.

Не знам, не знам, видете таму.

Посочи дека Александар го запознал со неговиот пријател Гоце Трајковски, кој исто така им испраќал снимки, меѓу кои и снимката од бензиската пумпа во Велес на која во возилото Цитроен на Панче Жежовски, покрај Панче се гледа и Боре Видоевски.

– Од страна на Гоце ми беа испратени многу снимки и пораки, би издвоил само една снимка која што беше специфична од возило на бензиска пумпа во Велес каде што ние немавме поим за какво возило се работи. Гоце ни ја пушти таа снимка, не ни беше јасно, вели имаше лице кое што седеше со него, не знаеме кое, рече тој, дополнувајќи дека им кажал дека снимката ја прибавил од братучед кој работел на бензинската пумпа, рече Каришиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во акцијата „Премин“ паднаа  16 царински службеници- примале поткуп од 20 до 150 евра
Следна Статија Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Oва е платениот убиец од Србија кој требало да убива по Скопје

Во Скопје е уапсен маж (1984), државјанин на Србија, под сомнение дека планира да изврши тешки кривични дела, соопшти Министерството…

May 12, 2026
ХРОНИКА

Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања

Полицискиот началник Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика

На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило…

January 3, 2026
ХРОНИКА

Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?