Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сирова риба, сака зеленчук и овошје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сирова риба, сака зеленчук и овошје
ЗАБАВА

Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сирова риба, сака зеленчук и овошје

Објавено November 11, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Поради нејзината завидна фигура, многумина ги интересира што јаде Меланија Трамп и како ја одржува витката линија.

Првата дама на Америка во своите мемоари откри кое јадење никогаш не го јаде кога патува. „Дадов до знаење дека не јадам сирова риба“, рече таа. Имено, кога Доналд Трамп и таа беа во официјална посета на Јапонија, таа јасно им порача на вработените да не и носат суши на масата.

„Сè уште се обидував да пробам локална кујна секогаш кога е можно. Таа вечер во Токио, оброкот беше одличен спој на вкусови и текстури и беше најдоброто претставување на јапонската кујна. Ги задоволи моите преференции“, напиша таа.

Меланија следи здрава исхрана и не сака диети. Пред неколку години во интервју за GQ таа откри дека денот го започнува со смути или овесна каша за појадок.

Нејзината цел е да јаде најмалку седум парчиња овошје дневно, но таа не се одрекува од слатки. Иако се храни здраво, понекогаш се препушта на чоколадо, сладолед или кока-кола.

„Немам одредена закуска што секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, би грицкала овошје или чоколадо. Мислам дека тоа е она што му треба на телото. Добро е одвреме-навреме да се задоволувате со вашата желба, се додека ги балансирате тие работи со здрава исхрана“, рече таа.

За ручек најчесто јаде разни салати, а за вечера месо и зеленчук. Меланија пие многу вода за да остане хидрирана и никогаш не претерува со мрсна или висококалорична храна.

За да остане во форма, таа вежба секојдневно во својот дом, најчесто наутро. Таа рече дека прави пилатес, шета низ дома со тегови на глуждовите и игра тенис. Откако го роди синот Барон, манекенката откри дека здравата исхрана и часовите по пилатес два до три пати неделно и помогнале да се врати во форма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
Следна Статија Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Бред Пит прекрши едно од своите правила за да игра во филмот на Дејвид Финчер (ВИДЕО)

Бред Пит е еден од најпознатите холивудски актери, а славата ја стекна во бројни познати и наградувани филмови. Во текот…

March 8, 2025
ЗАБАВА

Денеска е Тодорова сабота: Голем и тежок празник, направете го ова за среќа

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот…

March 8, 2025
ЗАБАВА

Паника во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Шварценегер

Полицајците од Лос Анџелес одговорија на лажна закана со бомба во домот на поранешниот гувернер Арнолд Шварценегер во Брентвуд на…

November 30, 2024
ЗАБАВА

Што треба да правите ако грчката полиција ви ги oдземе табличките?

Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?