Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја
Blog

Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја

Објавено November 6, 2024 11:48
Сподели
Сподели

Европските акции пораснаа во средата откако Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори и републиканците презедоа контрола над најмалку еден дом на Конгресот.

Паневропскиот индекс STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 1,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,03 отсто, на 8.257 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,13 отсто, на 19.475 поени, а париски CAC за 1,50 отсто, на 7.518 поени. Акциите на европските компании кои се занимаваат со обновлива енергија беа под притисок за разлика од оние споменати погоре. Претходно оваа година, Трамп рече дека ќе го запре развојот на морските фарми со ветерници.

Политиките на Трамп за имиграцијата, даноците и тарифите генерално се сметаат за инфлаторни, што може да доведе до повисоки каматни стапки во САД. И Волстрит е задоволен од победата на Трамп, па вчера по првите посигурни предвидувања за неговите добри резултати, Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq пораснаа за повеќе од еден процент. Утрово фјучерсите индекси се во пораст за повеќе од еден процент, па денеска се очекува натамошен силен раст на цените на акциите на најголемата светска берза. Цените на акциите паднаа на повеќето азиски берзи. Азискиот индекс MSCI беше во минус од 0,3 отсто во 9:30 часот.

Во исто време, индексот Никеи скокна за повеќе од 2,5 отсто на токиската берза, додека цените на акциите во Австралија пораснаа за 0,8 отсто. Во Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг тие паднаа меѓу 0,1 и 2,3 отсто. Цените на акциите паднаа на кинеските берзи бидејќи победата на Трамп предизвика загриженост, со оглед на тоа што Трамп воведе царини за увоз на кинески производи за време на неговиот последен претседателски мандат, а во актуелната кампања најави воведување царини од 60 или повеќе проценти за кинеските производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски му ја честита победата на Трамп: Со нетрпение очекувам да работам со мојот пријател Гренел за да ја унапредиме нашата заедничка визија
Следна Статија (Видео) Кривична против началник во МВР: ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува…

March 11, 2025
Blog

„Nvidia“ го надмина „Мајкрософт“, повторно е највредната компанија во светот

„Нвидиа“ (Nvidia) го надмина „Мајкрософт“ (Microsoft) во вторникот по пазарна капитализација, повторно станувајќи највредната јавно тргувана компанија во светот.Акциите на…

June 4, 2025
Blog

ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, па така депозитната стапка сега е…

March 7, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Стрелец – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денеска, Стрелците се соочуваат со фокусирање на личниот раст и инспирација. Тие се авантуристички, оптимистички,…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?