Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи
МАКЕДОНИЈА

Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

Објавено December 5, 2024 18:30
Сподели
Сподели

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи, не само во она што го зборува, туку и во она што го прави, истакна заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф, по заедничката средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски, пак, рече дека она што и останува на земјава е да бара решение за отпочнување и завршување на процесот за пристап кон Европската унија, а во меѓувреме, како што рече, да ги завршиме домашните задачи во врска со владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата.

– Она кое што останува на нас е да бараме решение овој процес да отпочне и да се заврши. Ние не сакаме да се натпреваруваме во оваа трка само за да почнеме, туку сакаме и да го завршиме. Такво решение треба да бараме кога ќе почнеме, колку сме направиле, колку реформи сме испорачале, колку сме брзи во тој процес, да го завршиме и, како што кажа господинот Касаноф, да го завземеме нашето природно место во рамките на ЕУ … А во меѓувреме, треба да си завршиме и многу домашни задачи. Тука е борбата со криминалот и корупцијата, нешто за кое што јас шести месец зборувам, нешто за кое што граѓаните нас не обвинуваат како Влада, зошто сме немоќни да испорачаме одговорност, зошто некои луѓе не се одговорни, а сите знаеме што направиле и како направиле, рече премиерот.

Во делот на економските реформи, Мицкоски рече дека се постигнуваат резултати во делот на подобрување на стандардот на живеење на граѓаните, дисциплината во институциите.

-Сето тоа претставува домашна задача. Ова се две паралелни улици, два паралелни булевари кои мораме да ги одиме и многу е важно дека зависат од нас, а ние се ќе направиме што е во наша моќ ова да го испорачаме, посебено кога станува збор за реформите и сето она што претставува домашна задача, рече премиерот.

Прашан дали може да се очекува проширување на црната листа, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен БалканКасаноф рече дека не може да коментира детали во моментов, но како што рече, тоа е нивен приоритет и е нешто на кое што САД.

– Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во С.Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, рече, она кое што може да го каже е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

– Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до С. Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи за нејзиниот пат кон ЕУ, рече Касаноф.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина возач- излетал од патот кај струмичко Ново Село
Следна Статија ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани

Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата.…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Се работи за хибриден напад, пожарите не се случајни

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во изјава за Канал 5 изрази сомнеж дека серијата пожари што…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?