Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има уште лекови на позитивната листа, се прават анализи кои ќе бидат, изјави Таравари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе има уште лекови на позитивната листа, се прават анализи кои ќе бидат, изјави Таравари
МАКЕДОНИЈА

Ќе има уште лекови на позитивната листа, се прават анализи кои ќе бидат, изјави Таравари

Објавено November 14, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Комисија на Министерството за здравство анализира кои лекови треба следно да бидат ставени на позитивната листа на лекови.

-Имаме Комисија формирана од Министерството за здравство која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население, кои ќе бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа е несериозно. Чекам комисијата која е компетентна и која треба врз база на сите фармако-економски и други анализи што ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои ќе бидат следните лекови за позитивната листа, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на прес-конференција.

Тој потсети дека во првите 50 дена од Владата, листата се прошири со девет нови лекови.

За превентивните програми, рече тој дека се многу битни и дека се разговара тие да бидат проширени.

-Поуспешни ќе бидеме, не со лекови, туку со превентивни програми. Така помалку ќе имаме развиени форми на сериозни болести, меѓутоа треба да размислиме и да видиме што имаме во буџетот, што се можностите. Балансираме повеќе да ги истераме превентивните програми, секако и позитивната листа. Од друга страна се обидуваме да заштедима, рече Таравари.

Тој одговори и на реакциите дека за изминатите четири години 400 илјади евра биле скратени од превентивните програми од здруженија кои работат со пациентите со ХИВ и реакциите дека годинава ќе бил уште помал буџетот и не ќе можат да се покријат трошоците.

-Се надевам дека буџетот ќе биде сличен,но немаме дефинитивен буџет. Дозволете да видиме, па кога ќе биде подготвено ќе зборуваме за тоа точно, сега ги немам бројките пред мене. Меѓутоа, мислам дека цифрите ќе бидат слични, можеби може да има скратување, но не сериозно, што ќе го загрози животот на болните со ХИВ, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари го трола Ахмети: Ако има парламентарни во 2025-та, Али ќе бара предвремени и за 2026-та…
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Среде Скопје ќе се организира протест за УЧК и Хашим Тачи, поддршка ќе даде и Ахмети

Хисни Гуцати, претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?