Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка
ЕКОНОМИЈА

Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка

Објавено November 23, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Тој рече дека се извршени сите консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите, како стопанските комори, синдикатите и Организацијата за заштита на потрошувачите.

– Во новогодишната кошничка ќе имаме преку 500 производи со намалени цени, односно, повеќе групи на производи. Ќе има и некои различни производи од есенската потрошувачка кошничка. За граѓаните најбитно е што ќе бидат опфатени оние производи кои се најзастапени на трпезата за Нова година и за празниците околу Нова година, изјави Ристески.

Тој е уверен дека потрошувачката кошничка ќе донесе бенефити за граѓаните.

– Ние најавивме повеќе такви потрошувачки кошнички за најголемите празници кога потрошувачката на одредени производи е најголема. Со ова имаме две цели, да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи – посочи Ристески.

Министерството за економија и труд, додаде, будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, еден за повратот на стоката и втор во врска со маркетингот.

– Со Владата и со Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите и на добавувачите на маркетите и, секако, во интерес на потрошувачите, рече Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комшија застрелал татко и син поради паркинг
Следна Статија „Од кај бе, Венко?“ му вели Боки за џипот, па му додава „Знам јас, од пликцињата што си ги делеше со струмичкото шлапатало“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јазот се проширува: Внатре во К-образната економија на Доналд Трамп

За време на вториот мандат на претседателот, богатите стануваат поуште побогати, а сиромашните стануваат поуште посиромашни

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

Тргувачите гледаат висок потенцијал за владина интервенција за поддршка на валутата

December 23, 2025

Џонс Dow идни пазари растат по промена на ставот на Трамп за Гренланд

Претседателот наведува 'рамка' за идиден договор што ќе вклучува минерални права

January 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања

За подмирување на сметките за струја и други енергенси, граѓаните со ниски примања и годинава ќе добиваат помош од државата.…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?