Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК, рече Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК, рече Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК, рече Мицкоски

Објавено October 28, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Универзитетот „Мајка Тереза“ е последен би рекол, најмлад универзитет и е дел од образовната политика на оваа Влада. И се разбира дека треба да се поддржи и дека треба да се вложи, да се направи модерна, современа инфраструктура, и тоа не само инфраструктура, туку и добри курикулуми за настава, односно да излезат и добри студенти, затоа што само ние ќе имаме како општество бенефит од сето тоа. Но за сите оние душегрижници, да не се грижат ќе го изградиме и Универзитетот и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, но и ќе ги завршиме двата недовршени факултети, Факултетот за информатички науки и компјутерска технологија, ФИНКИ практично, и Факултетот за физичка култура. И ќе ги довршиме сите објекти коишто долго време се споменици. Мораме тоа да го завршиме, затоа што тоа го очекуваат од нас граѓаните, бидејќи лошо делува центарот на главниот град. Мора тоа сѐ да се заврши за да имаме пристојно место за живеење, тоа го правиме. Ние нема да влегуваме во правци, во стилови на уметноста и така натаму. Сакаме да биде тоа современа, модерна градба и да завршиме конечно, енергетски ефикасна и така натаму, изјави Премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Инаку тоа што е лошо на пример ако ги погледате зградите на Факултетот ФИНКИ и за физичка култура ќе видите дека и арматурата што е вградена во бетонот почнала да се сечи, така да ќе треба таму дополнително да се интервенира исто како што и зградата на Народната банка, тука имаме и законски интервенции за да се продолжи рокот за градење. Така што еве за овие четири месеци се задвижени сите работи и очекувам во следните четири месеци и таму да имаме веќе прогрес на теренот. Сакаме да вложуваме во образованието и ќе продолжиме да вложуваме“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одвојувањето на парични средства за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, со оглед на тоа дека има реакции за ФИНКИ и ФФК кои одамна чекаат доизградба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дизелот поскапува за половина денар, бензините остануваат со иста цена
Следна Статија Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави ригорозни контроли на маркетите: Ќе сториме сè да го заштитиме стандардот на граѓаните

„Договоривме чекори кои што ќе се случат почнувајќи од денеска. Знаете дека беа потенцирани два ланци на супермаркети кои според…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оваа Влада покажува дека може да се води државата со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог

Оваа Влада има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните. Свесни сме за тешкиот живот, знаеме дека предизвиците…

July 30, 2025

Мета потврдува милијарди во чипови од Нвидиа

Договорот вклучува GPU и CPU чипови, сигнализирајќи ја следната фаза на вештачката интелигенција.

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите.…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?