Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кедев: Белите дробови и умот се клучни на големите височини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Кедев: Белите дробови и умот се клучни на големите височини
СПОРТ

Кедев: Белите дробови и умот се клучни на големите височини

Објавено January 12, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Д-р Сашко Кедев, кардиолог и искачувач на големи височини, во 2024 година постигна историски успех со искачување на четири врвови над 8.000 метри. Во интервју за РСЕ тој зборува за предизвиците на екстремните височини, поврзаноста со професијата и како ризикот го обликува физички и ментално.

Г-не Кедев, 2024 година ви беше година на најинтензивно искачување, со оглед дека искачивте голем број на врвови? (Лоце, Макалу, Шишанпагма).

2024 година ја почнав со повторниот обид на Шишапангма на пролет и се подготвувавме да одиме, меѓутоа кинеските власти не ја отворија планината и затоа алтернативно продолживме во Непал, прво на Макалу, па на Лоце кои успеавме да ги искачиме со нашата експедиција. На Кангченџунга не успеавме дека имаше лоши временски услови, и следен беше Гашербрум 2 во Пакистан во јули месец и есенва беше искачувањето на Шишанпагма. Значи четири врвови над 8.000 метри во 2024 година.

Досега освоивте 12 врвови над 8.000 метри надморска височина. Кога планирате да ги искачите последните два, со што ќе ги заокружите сите во светот над 8.000 метри?

Двата врва над 8.000 метри што остануваат да ги качам се Кангченџунга во Непал и Гашербрум 1 во Пакистан. На овие два врвови досега имам неуспешни обиди. На Кангченџунга на два пати не успеавме и оваа година немав време да продолжам после искачувањето на Гашербрум 2, на таканаречениот Г1 поради недостаток на време, имав професионални обврски во Њуделхи, Индија и морав да ја прекинам таа експедиција. Значи останува Кангченџунга, најверојатно некоја пролет, можеби оваа 2025 година, ако се собере нашата група и Гашербрум 1 во Пакистан, тоа е накаде во летниот период. Меѓутоа се зависи од и од временски услови и од дозволи и од собирање на соодветна.

Како го издржувате сето ова психо-физички, кога истовремено работите и како кардиохирург, што е професија која бара сериозно вложување?

Искачувањето на големите височини е пред се со белите дробови и со умот. Белите дробови ни овозможуваат соодветна оксигенација на организмот, а умот е таканаречената движечка сила што не искачува. Поврзаноста со професијате е ризиците. Во нашата професија на дневна основа ние се соочуваме со ризк од смрт и живееме со тој ризик. На големите височинии се соочуваме исто со ризик, меѓутоа од сопствена смрт и тука јас ја најдов допирната точка помеѓу искачувањето на големите височини и интервентната кардиологија што е моја професија.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разбојник со нож се обидел да ограби маркет во Карпош, повредил една вработена
Следна Статија Прада сака да го купи Версаче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Русија најави враќање на Олимписките игри во Лос Анџелес

Новата претседателка на Меѓународниот олимписки комитет Кирсти Ковентри (41) веќе најави дека нејзиниот мандат ќе се базира на желбата земјите…

April 14, 2025
СПОРТ

(Видео) Дончиќ со 49 поени ја декласира Минесота

Лука Дончиќ ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Ги предводеше Лејкерси до убедливата победа над Минесота Тимбервулвс со 128:110.…

October 25, 2025
СПОРТ

Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини…

July 7, 2026
СПОРТ

Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

Фудбалскиот клуб Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума,…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?