Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
ХРОНИКА

Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања

Објавено January 20, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Судот на денешното рочиште ги разгледуваше снимките кои треба да ја прикажат движечката патека на возилата користени во киднапирањето на Вања.

Првата снимка, која беше презентирана на CD, го покажува обвинетиот Влатко Кешишев како полни бензин во пластично шише на бензинска станица “Макпетрол” во близина на политичката партија “Десна”. Снимката е од 27 ноември 2023 година, денот на грабнувањето, и го прикажува Кешишев во црна јакна и капа во раните утрински часови, во 05:26 часот.

Второто CD содржи снимки од движењето на возилото “рено кангу” во Центар и Аеродром, при што се следи патеката на автомобилот кој се движел од пред седиштето на партијата “Десна” кон Автокоманда.

На судењето, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, изјавија дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале киднапирање на Вања, со цел да присилат нејзин близок роднина да им даде пари за откуп, додека Панче Жежовски бил грабнат во Велес за да се присили да го даде своето возило “Цитроен”, кое било користено за грабнувањето на Вања во Скопје.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Судењето продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милијардерите заминуваат во историјата, доаѓаат билијардерите
Следна Статија Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари пред инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Нападнати полицајци на базенот во Виница

Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа е уапсено, соопшти Тошковски

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа иако не ги исполнувала…

March 18, 2025
ХРОНИКА

Десет обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?