Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
ХРОНИКА

Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања

Објавено January 20, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Судот на денешното рочиште ги разгледуваше снимките кои треба да ја прикажат движечката патека на возилата користени во киднапирањето на Вања.

Првата снимка, која беше презентирана на CD, го покажува обвинетиот Влатко Кешишев како полни бензин во пластично шише на бензинска станица “Макпетрол” во близина на политичката партија “Десна”. Снимката е од 27 ноември 2023 година, денот на грабнувањето, и го прикажува Кешишев во црна јакна и капа во раните утрински часови, во 05:26 часот.

Второто CD содржи снимки од движењето на возилото “рено кангу” во Центар и Аеродром, при што се следи патеката на автомобилот кој се движел од пред седиштето на партијата “Десна” кон Автокоманда.

На судењето, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, изјавија дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале киднапирање на Вања, со цел да присилат нејзин близок роднина да им даде пари за откуп, додека Панче Жежовски бил грабнат во Велес за да се присили да го даде своето возило “Цитроен”, кое било користено за грабнувањето на Вања во Скопје.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Судењето продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милијардерите заминуваат во историјата, доаѓаат билијардерите
Следна Статија Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари пред инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сообраќајка на патот Кичево- Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Од 15.25 патниот правец Кичево-Гостивар е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода. соопштуваат од АМСМ.

October 21, 2024
ХРОНИКА

Неготинец доби кривична пријава – на социјалните мрежи навредувал жители од Криволак

ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Новиот обвинител не сака притвори туку поблаги мерки

Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа,…

March 23, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

На 22.01.2026 во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?