Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот
Blog

Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот

Објавено December 30, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Златото привлекува се поголемо внимание кај светските медиуми, а во текот на изминатата година неговата цена се зголеми за речиси 30%. Се повеќе инвеститори, поединци и централни банки ширум светот инвестираат во злато. Од каде е тоа злато? Кои земји произведуваат најмногу злато?

Речиси 3.700 тони злато се произведени во светот во 2023 година, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Ова е највисок производствен капацитет во изминатите 5 години. Сегашната проценка е дека во подземни резерви останале околу 57.000 тони злато. Тоа значи дека, хипотетички, ако производството продолжи со ова темпо, и ако не се најдат нови резерви, би се ископало целото преостанато злато во светот за само околу 15 години.

Оваа ограничена понуда, во комбинација со скапиот и сложен процес на ископување е еден од клучните фактори што му даваат вредност на златото. Како што се повеќе земји се свртуваат кон златото како безбедно засолниште за инфлацијата, глобалните тензии и вооружените конфликти, да погледнеме од каде доаѓа тоа злато.

Земјите ширум светот се занимаваат со ископување злато, но овие пет земји произведуваат над 30% од годишната понуда.

Кина

Кина е најголемиот производител на злато во светот. Секоја година од кинеските рудници се извлекуваат околу 370 тони злато кои потоа се преработуваат и користат за инвестициски и потрошувачки цели. Кина има огромна „златна“ култура. Се почитува како инвестиција, во форма на инвестициско злато и како украс во форма на накит или скапоцени предмети. Културата на подарување злато во Кина е огромна, тешко е да се најде кинеска прослава без злато како подарок.

Покрај тоа, Кинезите инвестираат големи суми пари во злато, не само поради традицијата, туку затоа што кинеските поединци претпочитаат побезбедни и постабилни инвестиции.

Поради оваа голема побарувачка, Кина е и најголем потрошувач на злато секоја година, само во првите 9 месеци од оваа година Кинезите купиле повеќе од 740 тони злато.

Русија

Вториот најголем производител на злато во светот е Руската Федерација, која секоја година произведува околу 320 тони злато. Русија е најголемата земја во светот и логично има големи подземни резерви на жолтиот метал. Покрај самото производство, акумулацијата на златни резерви е една од алатките што руската централна банка ги искористи за да го намали влијанието на западните санкции врз нејзините девизни резерви.

Австралија

Австралија е трета по ред и произведува околу 290 тони злато секоја година и е историски позната по производството на злато, а со децении е главен извор на најчистото злато за британската кралска ковачница. Австралиските производители и денес испраќаат злато во Британија за да се преработи во прачки и монети. Австралија, исто така, произведува злато и монети преку ковачницата во Перт. Земјата е општо позната по изобилството на природни ресурси што ги експлоатира.

Канада

Канада е четврта на листата со производство на околу 190 тони злато секоја година. Кралската канадска ковачница е светски позната и по своето висококвалитетно злато, а златникот од канадски јаворов лист со ликот на актуелниот крал на Британија Чарлс е еден од најбараните златници во светот.

Соединети Американски Држави

Америка е петти по големина производител на злато во светот и секоја година во оваа земја се произведуваат околу 165 тони злато. Таа е и еден од главните финансиски пазари за злато, каде на берзата се тргува со „хартиено злато“. Американските фондови на ЕТФ купуваат злато, а потоа издаваат акции на самиот фонд, кои поединците можат да ги купат за да добијат т.н. „хартиено злато“.

Двата најголеми производители на злато се во алијансата БРИКС – Кина и Русија.

Оваа алијанса речиси најави потенцијална размена на благородни метали, а се чини дека БРИКС сака да стане поголем играч на пазарот на злато и други благородни метали, пазар кој традиционално го водат западните земји и до ден денес остануваат најсилен фактор во него.

Како што повеќе поединци, инвеститори и централни банки ширум светот гледаат на златото како складиште на вредност што ги штити од инфлација и геополитички неволји, самиот свет на производство на злато ќе станува сè поважен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме
Следна Статија Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Договор вреден милијарди евра и најава за создавање „глобален шампион“: Индиската „Тата моторс“ го купува „Ивеко“

Индиската компанија Тата Моторс објави дека ќе ја купи италијанската групација Ивеко за 3,8 милијарди евра. Според официјалните информации, Тата…

July 31, 2025
Blog

Sean Strickland calls out Khamzat Chimaev after stopping Anthony Hernandez in UFC Houston main event – MMA Fighting

Sean Strickland ended Anthony Hernandez’s eight-fight win streak at UFC Houston on Saturday night.

February 23, 2026
Blog

И нискобуџетните летови не се веќе евтини: Значително поскапување на летовите од Германија

Патувањата од аеродромите во Германија станаа значително поскапи во услови на континуирано слаба понуда на летови и високи даноци и…

July 8, 2025
Blog

Steins;Gate Re:Boot: Одложен до 2026 година, објавени се претходни слики

Визуелниот роман Steins;Gate Re:Boot е одложен од 2025 на 2026 година

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?