Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
СВЕТ

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра

Објавено November 30, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Во провинцијата Хунан, Кина откри најголемо наоѓалиште на злато во светот, кое според проценките содржи 1.000 тони злато со вредност од 76 милијарди евра, пренесе „Дејли мејл“ повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Геолозите користеле модерни методи на истражување и 3Д моделирање за да идентификуваат структура на 40 златни жили на длабочина од околу 1.600 метри под рудникот Вангу. Според податоците на Геолошкиот институт на Хунан, овие жили содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви можат да кријат уште поголеми резерви.

Откритието предизвика зголемување на цената на златото на светските берзи, кое сега е блиску до историскиот максимум. Кина, која веќе учествува со 10 проценти во глобалното производство на злато, дополнително ја зајакнува својата позиција како водечки производител.

Експертите оценуваат дека златото останува сигурна инвестиција во време на економски и политички нестабилности, а трендот на намалување на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата атрактивност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јевгениј Кафелников: „Вистинскиот срам е она што се случува во денешниот тенис“
Следна Статија Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина

И Кина и Соединетите Американски Држави соопштија дека постигнале напредок на трговските преговори меѓу двете земји во Швајцарија. Американскиот секретар…

May 12, 2025
СВЕТ

Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина, евакуирани речиси 4.000 жители

Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина. Речиси 4.000 жители беа итно евакуирани. Како што објавија локалните медиуми,  пожарот…

June 14, 2025
СВЕТ

Стармер во Тирана повика на мир во Украина: Русија одолговлекува и игра игри

Британскито премиер денеска во Тирана повика на мир во Украина, обвинувајќи ја Русија дека „одолговлекува и игра игри“. „Мораме да…

May 16, 2025
СВЕТ

Дали Башар е сместен во „Рубљовка“? Во луксузната населба Путин ги сместува сите што имаат азил и многу пари

Во Русија бизнисмените и политичарите живеат во најлуксузната населба во Москва наречечна „Рубљовка“. Овој компелкс се наоѓа 40 километри надвор…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?