Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Koмитетот за човекови права уште еднаш констатираше дека Бугарија не ги почитува правата на Македонците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Koмитетот за човекови права уште еднаш констатираше дека Бугарија не ги почитува правата на Македонците
БАЛКАН

Koмитетот за човекови права уште еднаш констатираше дека Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Објавено April 11, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност”, врз основа на Законот за непрофитни правни субјекти и покрај тоа што ги достави сите релевантни документи и дополнително побарани информации за активностите на здружението, доби немотивирана одлука со која регистрацијата беше одбиена, наведувајќи само неколку одредби од законот. Оваа негативна одлука беше дополнително потврдена од Апелациониот суд без конкретно образложение, констатирано е од страна на Комитетот за човекови права на ОН, а информираат од ОМО Илинден – Пирин.

„Постоењето здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението. Овој израз на плурализам, разновидност и толеранција го води тековното работење на Комитетот во врска со неговиот нацрт-Општ коментар бр. 38 за правото на слобода на здружување”, рече Ивон Дондерс, членка на Комитетот.

Комитетот заклучи дека судските одлуки биле нејасни и претерано формалистички, истакнувајќи дека домашните власти не ги зедоа предвид дополнителните информации што ги достави жалителот во прилог на неговата пријава за активностите на непрофитната организација за заштита на човековите права, ниту објаснија кои одредби од законот биле прекршени. Затоа, Комитетот заклучи дека државата не го оправда одбивањето за регистрација на организацијата ниту покажа дека одбивањето било неопходно и пропорционално.

Комитетот за човекови права ја повика Бугарија да ги преиспита домашните судски одлуки со кои е одбиено регистрирањето и да му обезбеди на жалителот компензација. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По Париз и Скопје, и Вашингтон ќе добие триумфална порта
Следна Статија Не претерувајте со варените јајца, еве колку може да изедете во еден ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Наставничката била избодена 31 пат во грозоморниот нападот во загребското училиште

Млад човек (19) кој се лекувал на психијатриска клиника вчера изврши напад во основното училиште во населбата Пречко во Загреб.…

December 21, 2024
БАЛКАН

Каквo „иска“ Рада на Костадин Костадинов?

Европратеничката Рада Лајкова сака да биде новата „ѕвезда“ во Македонија. Таа среде Европскиот парламент ни порача дека  сме зборувале„дијалект на…

June 23, 2026
БАЛКАН

Балканските превозници се враќаат на блокадите,ЕУ ги отфрли нивните предлози

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 15, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?