Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кои се работни занимања од соништата за генерацијата Z?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Кои се работни занимања од соништата за генерацијата Z?
ЗАБАВА

Кои се работни занимања од соништата за генерацијата Z?

Објавено December 7, 2024 16:59
Сподели
Сподели

Веб-страницата Class Central посветена за пребарување на онлајн курсеви, спроведе анкета на Инстаграм која ги откри најпопуларните занимања меѓу членовите на генерацијата Z.

Модел, инфлуенсер, личен тренер, уметник…

Според истражувањата, работата од соништата за генерацијата Z е – манекенството. Листата е составена со помош на анализа на користењето „хаштази“ во врска со кариерата на Инстаграм, а манекенството се нашло на врвот на листата со дури 380 милиони објави на социјалната мрежа.

На второ место на скалата е професијата уметник, а потоа фотограф и шминкер, блогер, како и работата во маркетинг.

Пејач, личен тренер, актер, инфлуенсер, стилски блогер, танчар, готвач, писател, „јутјубер“, моден дизајнер, креатор на содржини, спортист, фризер и маникер се занимањата кои влегоа во топ 20=те најбарани меѓу генерацијата Z.

Интересно е што потрадиционалната професија, доктор, е рангирана на 24-тото место со 18,300,000 „хаштази“, работната позиција инженер се најде на 30-тото место со 7,600,000 „хаштази“, занимањето правник е рангирано на 32-тото место со 6,500,000 „хаштази“, а работното место астронаут е на 450-тото место со 2.500.000 „хаштази“.

„Генерацијата Z ја привлекуваат покреативните индустрии“

„Ова истражување покажува дека на генерацијата Z ѝ е попривлечна креативната индустрија, особено онаа што е силно поврзана со социјалните медиуми“, изјави Давал Шах, извршниот директор на Class Central.

Иако генерацијата Z се стекна со репутација дека сака да биде инфлуенсер и јутјубер, оваа студија покажува дека сè уште ѝ се привлечни работните места за кои се потребни практични вештини. На пример, занимањата „стример“ и фудбалер се наведени под занимањата архитект и готвач.

Генерацијата Z ја привлекуваат и традиционалните работни дејности

„Без оглед на вообичаените концепции, истражувањата покажуваат дека генерацијата Z сè уште ја привлекуваат и традиционалните работни дејности. Професиите доктор, медицинска сестра, учител и стоматолог се појавуваат меѓу првите 25“, изјавил извршниот директор на Class central.

„Фасцинантно е да се види како социјалните медиуми влијаеле врз кариерите на помладите генерации и дали традиционални деловни улоги ќе гравитираат пониско на скалата во иднина“, заклучил тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се изненадите што се’ ќе биде направено со вештачка интелигенција, најави директорот на „Гугл“
Следна Статија (Видео) Најбрзиот нокаут во историјата – Сè беше готово за 2,9 секунди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Не е болест се што боли: Виното потекнувало од Пазарџик, Бугарија пред 7000 години?

Виното потекнува од Бугарија, објавија во емисија на бугарската телевизија. Според нив, виното во Европа потекнувало од Бугарија, поточно од…

February 18, 2026
ЗАБАВА

Почина фронтменот на легендарната група Ајрон Мејден

67-годишна возраст почина Пол Ди’Ано, поранешниот фронтмен на Iron Maiden. Музичарот починал во својот дом во Солсбери. „Во име на…

October 22, 2024
ЗАБАВА

Што носи 2026 година за Стрелецот?

ЗА СТРЕЛЕЦ, 2026 година носи соочување со нешто што веќе не може да се прескокне, одложи или рационализира. Навикнати на…

December 23, 2025
ЗАБАВА

Рaперот Диди нападнат во затвор – затвореник му ставил нож под грло

Американскиот музички могул Шон Комбс – Диди (55) преживеал опасен инцидент во затворот во Бруклин, кога друг затвореник му ставил…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?