Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој е Енвер Беџети, судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кој е Енвер Беџети, судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД
МАКЕДОНИЈА

Кој е Енвер Беџети, судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Објавено December 10, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Апелациониот судија Енвер Беџети, покрај Артан Груби од ДУИ, е меѓу 14-темина на новиот црн список на Американскиот Стејт Департмент со луѓе и нивни блиски семејства на кои им е забранет пристапот до САД.

Тој го привлече вниманието во јавноста кога Судскиот совет отиде во контрола во судот каде што тој работеше и утврди дека тој 9 месеци го чувал предметот „Таргет-Тврдина“ во кој првообвинет беше Сашо Мијалков, да застари.

Беџети тогаш беше осуден на парична казна, 20 проценти од платата во времетраење од 6 месеци. Судскиот совет констатираше дека нема образложени причини зошто предметот за масовното незаконско прислушување познат како „Тврдина-Таргет“ судијата – известител Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје не го ставал 9 месеци на одлучување. Со тоа се создадени услови овој предмет од многу висок јавен интерес да застари и да се затвори.

Под притисок на јавноста, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева го стави на дневен ред случајот со заробениот предмет „Тврдина-Таргет“, но не само тој, туку и „Транспортер“ каде обвинет беше поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, кој предмет, пак, Беџети го чувал три години во фиока и не го ставал на одлучување.

Енвер Беџети е кадар на ДУИ. Додека го штитеше партијата, тој го запиша синот на Академија за судии и јавни обвинители и денес тој е избран и работи.

Енвер Беџети фигурира и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Касами до ДУИ: Ќе има ли ноќна стража пред американската амбасада во Скопје, откако го „зацрнија“ Груби?
Следна Статија Изгореа 4 камиони во Визбегово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања

„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање. Македонска кампања, на македонските граѓани,…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Воените оркестри на Македонија и Вермонт, САД со заеднички концерт утре во Скопје

Утре, 25.05.2025 година во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт,…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?