Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
ЗАБАВА

Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

Објавено January 20, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97-то доделување на „Оскарите“, коешто ќе се одржи на 2 март оваа година. Оваа информација ја потврдија извршниот директор и претседателката на Академијата за филмски уметности и наука во САД, Бил Крамер и Џенет Јанг, пренесува „Н-1“.

„Конан е совршената личност за оваа улога, благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето ТВ-програми. Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на извонредните филмови и творци од оваа година“, се вели во соопштението.

На оваа вест реагираше и самиот О’Брајан.

– Америка тоа го бараше и сега тоа се случува. А, во другите вести: Јас сум домаќин на „Оскарите“! – изјави комичарот во свој стил.

Во јули претходната година беше објавено дека Џими Кимел, кој претходно четирипати ја водеше свечената емисија, одлучил да не биде домаќин на овогодишната свеченост.

Конан О’Брајан, роден 1963 година, е американски ТВ-водител, комичар, сценарист и продуцент, можеби најпознат како водител на својата емисија „Конан“ којашто се прикажуваше од 2010. до 2021 година. Пред да стане водител, О’Брајан работел како сценарист на популарната емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), како и на цртаната серија „Симпсонови“ – од 1991 до 1993 година.

О’Брајан стана водител на „Доцна навечер“ (Late Night) во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше. Потоа го водеше ноќното шоу цели 22 години. Познатиот водител е оженет со Елизабет Пауел со која има две деца – син и ќерка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен
Следна Статија Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убисофт ги зголемува цените на претплатата за ‘Just Dance’ по намалувањето на трошоци

Промени во деловната стратегија на компанијата

January 29, 2026
ЗАБАВА

Видео: Публиката ја исвирка тенисерката во Мелбурн, нејзината реакција стана вирална

Американката Даниеле Колинс вчера ја победи Австралијката Дестане Ајава пред публиката која навиваше за 24-годишната Австралијка, додека таа играше во…

January 18, 2025
ЗАБАВА

Овие знаци се плашат од промени

Додека некои сонуваат за авантура и постојано бараат возбуда, други наоѓаат среќа во познатото и предвидливото. Астрологијата открива дека тенденцијата…

January 11, 2026
ЗАБАВА

Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Х (поранешен Твитер), беше гостин во подкастот на републиканскиот политичар…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?