Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ

Објавено December 15, 2024 14:30
Сподели
Сподели

Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата како и нивните последици, свој осврт даде и директорот на ЕСМ Зоран Коњановски.

Според Коњановски ова е многу значајна тема пред сè за Комбинатот РЕК Битола, а потоа и за енергетскиот сектор воопшто и за социоекономските случувања во државата.

-Безмилосно се однесувале кон РЕК Битола, кон енергетскиот сектор и тоа придонесе до една многу, многу лоша ситуација која за жал секојдневно ја чувствуваме и ја гледаме. Она што било пропуштено да се направи во претходните пет, шест, седум години, она што било уништено во претходните пет, шест, седум години во однос на лукративните тендери, во однос на дивеењето на раководството на РЕК Битола заедно со одредени надворешни компании, придонесува денес да имаме нестабилен енергетски систем, јасно посочува Коњановски.

Во контекст на последниот скандал поврзан со компанија „Браинкоде“, при што истата од компанија која се занимавала со трговија на канцелариски материјали станува практично фирма за увоз на хемиски производи на големо и добила три тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија во вредност од 6,5 милиони евра и тоа на двата од нив се јавува како единствен понудувач, Коњановски вели дека за жал ова не е единствена фирма која наменски е формирана само неколку месеци пред објавување на некоја тендерска постапка.

-Ваков адитив не е донесен само во РЕК Битола, туку е донесен и во РЕК Осломеј, а таму воопшто не е искористен и ова е една класична мафијашка постапка, како заради некои причини кои можеби и свесно се направени во комбинатот се добила идеја да се набави ваков адитив. Втор дел од оваа приказна е што само една фирма се одважила да се јави на тендерот, тоа е јавна тајна дека не е така, туку се правеле притисоци врз останатите фирми или да се откажат или се одело на електронска аукција каде што повторно со притисоци се обесхрабрувале другите фирми да ги намалуваат цените, појаснува Коњановски.

Според него ова е еден епски криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДС, па наместо стотици милиони да се вложуваат во рудниците и термо-блоковите се вложувале во поединечни џебови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие четири европски земји имаат подобри плати од САД
Следна Статија Вработен во „ЧатГПТ“ пронајден мртов во стан откако ја критикувал компанијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто

Можностите за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа по склучувањето на Меморандумот за соработка меѓу седум…

December 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји

Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Николоски на…

November 20, 2025

Форд се префрла на хибриди и го укинува целосно електричниот F-150, очекува загуба од 20 милијарди долари

До 2030 година, околу 50% од глобалниот обем на Форд ќе бидат хибриди, електрични возила со проширен домет и целосно…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?