Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции
МАКЕДОНИЈА

Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции

Објавено November 9, 2024 17:00
Сподели
Сподели

„На трулите јаболка“, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат кривични пријави согласно доказите од истрагите кои се водат.

Тошковски, во гостување во Алфа телевизија, истакна дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството е еден од секторите кои макотрпно работат и даваат одлични резултати споредено со претходно.

-Полека, полека се шири перцепцијата дека не може да се злоупотребува значката и полициските овластувања, и тоа е добро. Значи се движиме во правилна насока од тој аспект, изјави Тошковски.

Во изјава за Курир, експертот за криминалистика и поранешен началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, ги анализираше состојбите во Секторот и последните спроведени акции, во кои од другата страна на законите се најдоа и поранешни полициски службеници.

Тој оцени дека корупцијата во изминатите седум години го разградила МВР, а криминалци биле поставувани на функции.

-Во 2017 година Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди се претвори во монструм сектор. Имаше постојан притисок врз полициските службеници. Криминалците се жалеа, огромен број на пријави, полицајците се плашеа. Спасовски го направи СВКПС плашило кон полициските службеници да не применуваат овластувања согласно законот, вели Ѓурчески.

Потсетува и на случајот со „пајакот“ и полициската службеничка, додавајќи дека тогаш СВКПС наместо да ја заштити полицајката, го ослободи криминалецот. Екс началникот вели дека политиката во никој случај не треба да се става над законите.

Ѓурчески го повтори неговиот став дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди треба да се расформира, да се постави цивилна контрола врз силата, да се вклучат и граѓаните, новинарите. По однос на МВР, нагласува дека потребни се и суштински реформи, како и поставување на соодветно обучени кадри со соодветно образование и стручност. Верува дека новиот министер ќе работи кон подобрување на состојбите во министерството.

-Очекувам реално да ја вратат професионализацијата во МВР и довербата на граѓаните во институцијата. Дојдено е време, мора нешто да се прави, да се подобрат состојбите. Вака не оди веќе, ако сакаме да бидеме држава, вели тој.

Ѓурчески очекува дека истрагите ќе продолжат во иднина. Смета дека во моментот, истражните органи работат внимателно, а министерот во јавните настапи ја штити истрагата.

Поранешниот началник напомена и дека важна улога во овие случаи има и обвинителството, а институцијата треба да покаже дека не е неефикасна како во минатото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ
Следна Статија Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вардариште доби обезбедување, Дрисла уште чади, но се пушта пена од ер-трактор

На депонијата Дрисла се уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој појасни дека депониите тешко се гаснат…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети: Груби е на „албанска територија“

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Центарот за култура во Штип и член на бендот на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово и член на бендот на „ДНК“, загина во пожарот во Кочани. Стевановски беше продуцент, пијанист,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Мицкоски вечеева присустуваше на ифтарска вечера.Тој истакна дека овие собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста и…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?