Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години
БАЛКАН

Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години

Објавено December 5, 2024 19:10
Сподели
Сподели

Собранието на Косово го усвои предлог-законот за забрана на консумирање енергетски пијалаци за лица под 18 години.

Пратеничката Фиторe Пацоли од владејачкото движење „Самоопределување“, претставувајќи го законот, истакна дека истиот предвидува строги контроли за спречување на консумација на овие пијалаци од страна на малолетници.

– Законот е дизајниран за заштита на здравјето на децата и ранливите групи. Забраната за малолетници не е во спротивност со ниту една регулатива на Европската Унија, рече таа.

Предлог-законот е усвоен со 62 гласа од 120 пратеници во Собранието. Предвидува административни казни до 2.000 евра за оние кои ќе продаваат, нудат или рекламираат енергетски пијалаци на лица под 18 години.

Следува уште едно гласање во Парламентот, по што ќе се чека одобрување од претседателката Вјоса Османи за негова имплементација.

Неконтролираната продажба и консумација на енергетски пијалаци, особено во училиштата, неодамна предизвика контроверзи во Косово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?
Следна Статија Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Адвокатите во Србија запираат со работа на еден месец во знак на поддршка за студентите

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденмесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора…

February 3, 2025
БАЛКАН

Поплавата предвреме ги одвои од синот: Брачна двојка загина во Јабланица

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта…

October 6, 2024
БАЛКАН

Илјадници луѓе седма ноќ го блокираа РТС

Студентите седма ноќ ја минаа во блокада пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград. Тие го наполнија…

April 21, 2025
БАЛКАН

Србија ќе добие 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст на Западен Балкан до крајот на неделата

До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?