Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Koцарев: Враќањето на името Македонија е единствениот исправен пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Koцарев: Враќањето на името Македонија е единствениот исправен пат
МАКЕДОНИЈА

Koцарев: Враќањето на името Македонија е единствениот исправен пат

Објавено October 10, 2024 12:30
Сподели
Сподели

„Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари. Договорите со Грција и со Бугарија означуваат дека Македонија веќе денес е без минато, без сегашност и без иднина. Тие два договора го ништат, го искоренуваат колективниот македонски идентитет“, вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Еден народ е народ преку другите народи“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Ќе ја парафразирам Катица Ќулавкова дека „нашиот јужен сосед, кога ја формирал својата национална држава, точно пред два века, имал слобода да го избира“ својот колективен идентитет – тие во мај 1827 го одбраа грчкиот колективен, а не македонскиот колективен идентитет како свој. Тоа што денес во Грција неколку милиони нејзини граѓани избираат нивниот личен идентитет да биде македонски, не значи дека нашиот колективен идентитет не може да биде македонски. Напротив! Оттука, потреба од враќањето на името Македонија.

Македонскиот национализам се обидува да ги спаси македонската култура, јазик и историја, а национализмите на некои наши соседи, оживотворени во нивната официјална државна политика, ги водат Македонците директно во духовни „гасни“ комори – во нивен идентитетски геноцид.

До 2018 година колективниот македонски идентитет беше признаен од повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги сите десет најнаселени земји во светот: Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија, Мексико. А, денес? Македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум е сѐ уште е реалност за повеќето, можеби за сите, држави, освен за Бугарија. Сепак, ние уште понизно живуркаме воопшто не помислувајќи да го раскинеме Договорот со Бугарија и така ги поддржуваме бесмислените уцени на Бугарија.

Внесувањето на македонскиот јазик во ООН, иако во референтниот документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите – се користи кратенката UNTERM, за разлика од 2022 година, веќе не постои податокот „македонски јазик“! Значи, всушност има само признавање на литературниот (државниот) македонски јазик, но не и признавање на македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум.

Центризмите (евроцентризмот, синоцентризмот или русоцентризмот) не се решение, меѓутоа евроцентизмот беше и е сѐ уште погубен за опстојувањето на Македонија и нејзиниот историски и митски поглед.

Не само Илинден, туку и 11 Октомври е „семакедонско ‘Свето тројство’, затоа што поврзува неколку слоја на колективната меморија на Македонците: митскиот, христијанскиот, историскиот, политичкиот и културниот слој“ (Катица Ќулавкова).

Мице Козар, Крсте Црвенковски, Благоја Корубин, Коле Чашуле, Душко Наумоски и другите борци на Прилепскиот партизански одред, задоени со слободарски идеи и со љубов за Македонија, започнаа да го реализираат сонот на македонскиот народ за сопствена држава, што доведе, неколку години подоцна, до возобновување на духовните, научните, образовните, политичките, општествените, социјалните и културните институции на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп бесен, републиканците во неверување, новинарите на CBS го крателе интервјуто на Камала за да звучи поубедливо? Се појави и снимка (ВИДЕО)
Следна Статија Димитриеска-Кочовска: Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова,…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

155.000 гледачи го следеа отчетот на Мицкоски за една година Влада:Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата.…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони Свети Антониј е роден во Среден…

January 30, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?