Европските лидери треба брзо да дејствуваат и да ја намалат бирократијата и регулативата за да ја поттикнат економијата, изјави денеска претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за време на завршната дискусија на Светскиот економски форум во Давос за глобалните економски изгледи.
„Ако разговарате со извршните директори, ако разговарате со корпоративниот свет во моментов, со луѓето кои носат големи инвестициски одлуки, тие не се многу добро расположени во моментов“, рече Лагард, додавајќи дека нивните најголеми поплаки се за високите цените на енергијата во Европа и прекумерната бирократија .
Според неа, цените на енергијата паѓаат бидејќи уделот на енергијата од нефосилни горива во Европа расте и сега изнесува 70 отсто, но поплаките за прекумерната регулатива и бирократијата се „повик за будење“ на кој креаторите на политиката мора итно да одговорат.