Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР
ХРОНИКА

Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР

Објавено January 29, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т. во својство на помошник министер во Министерството за внатрешни работи и против А.С. во својство на раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од Финансика полиција, првопријавениот Ж. Т. во својство на одговорно лице, помошник министер во Министерството за внатрешни работи, неизвршувајќи ги своите службени овластувања свесно и со однапред утврдена намера, не донел одлука за јавна набавка од отворена постапка за набавка на Услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР во 2018 година иако бил донесен План за дополнување на Годишен план за да се спроведе истата во декември 2018 година.

Тој, стои во соопштението, не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување на редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност истите да се сервисираат на начин што не донел одлука во најбрз можен рок по носење на новиот Годишен план за јавни набавки за 2019 година и со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност за со намера да се спроведе итна постапка донесувајќи Одлука за спроведување на итна постапка со преговарање без објавување на оглас за поправка и сервисирање на ПМВ и ТМВ во која постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори.

Второпријавената А. С. во својство на началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при Министерството за внатрешни работи на РСМ чија должност била да ги спроведува одлуките донесени од помошник министерот, истата иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа и на тој начин не овозможила на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ – ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект односно вкупен износ од 47.200.000,00 денари со ДДВ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – среда, 29 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје,…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Партизанска три часа беше блокирана по верижниот судир кај „Влајко“

Сообраќјот по булеварот „Партизански одреди “ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива отежнато по верижниот судир попладнево, објави „Нетпрес“.Околу…

April 10, 2025
ХРОНИКА

Си ја нападнал малолетната ќерка, ја тепал сопругата и се заканувал

Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Човечки коски најдени во шахта во Илинден

Коски за кои се смета дека се човечки се пронајдени вчера во шахта во населбата Илинден кај Скопје, соопшти МВР.…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?