Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала

Објавено October 31, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура, соопшти предмалку МВР.

Имено, пријавената Б.К.С., во својство на службено лице – избран министер во Владата на РСМ за Министерството за култура, на 19.02.2024 ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, на начин што по донесена Одлука од Советот на Град Скопје и Заклучок од Владата на РСМ за пренесување на правото за реконструкција, доградба и надградба на постојниот објект Универзална сала во Скопје, како и по склучен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Град Скопје како сопственик и Министерството за култура како нов инвеститор, и покрај тоа што министерството било задолжено да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари, согласно кој министерството наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице, иако знаела и била свесна дека претходно склучениот Договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите, за што од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен, врз основа на кој нов договор по доставени две времени ситуации од страна на изведувачот за изведени работи, истата на правното лице му исплатила вкупен износ од 27.197.845 денари, со што му овозможила на правното лице од Скопје како изведувач на работите да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон
Следна Статија Турски државјанин заврши во притвор, дал поткуп од 100 евра за да влезе во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Заев ужива на јахта во Паљури, Вие скенирајте фискални

Читатели на Нетпрес, кои престојуваат во туристички во местото Миражио Паљури на Халкидики во соседна Грција, до редакцијата на порталот испратија фотографии…

June 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со Законот за медиуми се бара двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог законот…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?