Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
ХРОНИКА

Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс

Објавено January 10, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток, објави „А1он“. Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка.

Кучето, кое подоцна го доби името Феликс, вчера угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.

Од МВР информираат дека пријавата е поднесена за кривичното дело „мачење животни“ според член 233 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К. (61), Б.Б. (64) и З.Д. (74), сите од Скопје. За дополнителни информации, обратете се до ОЈО Скопје,“ изјавија од МВР.

Според неофицијални информации, кучето било нападнато откако извршило нужда пред складиштето на фирмата. И покрај бројните пријави за слични случаи, досега во земјава нема осудителна затворска пресуда за „мачење животни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација
Следна Статија Познат фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола – двајца биле малолетници

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници. -Во текот на вчерашниот…

February 11, 2026
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Насилно ја пикнале во кола: Четворица скопјани киднапирале 23-годишна девојка во Струга

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Трагедија во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје,…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?