Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај
ХРОНИКА

Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај

Објавено October 25, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице – референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување – суспензија од работното место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС
Следна Статија Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Расчистен случајот со оружјето пронајдено во Арачиново – Лишен од слобода 29-годишен кумановец

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024…

December 31, 2024
ХРОНИКА

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани

Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра…

May 17, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Вработен во гостиварскиот суд барал 100 евра за да избрише судска казна, налетал на новинар кој го снимал

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?