Кузмановски прв стрелец по групната мундијалска фаза

- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата цела на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Избраниците на Кирил Лазаров освоија три бода во групата Д; пренесоа еден и оставија добар впечаток на сите три натпревари. Дури и стигнавме да ги заштедиме силите и одредени ракометари да имаат помалку минути во нозете од предвиденото.

Колективот го исфрли капитенот како прв име во досегашниот дел на шампионатот. Филип Кузмановски е на врвот на листата на стрелци и по третото коло. Ракометарот на Еурофарм Пелистер има 31 гол на три натпревари што е убедливо најмногу во нашиот табор.

Зад Кузмановски е Тен Фелде од Холандија со 30 гола на второто и Германецот Усчинс со 24 погодоци на третото место.

Кузмановски е прв и на листата на најкорисни ракометари со 40 поени (31 гол и 9 асистенции).

Сподели ја оваа статија