Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
ЗДРАВЈЕ

Лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години

Објавено January 28, 2025 17:18
Сподели
Сподели

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак на грло на матка, информираше денеска директорот Игор Стојковски на прес-конференција, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката.

Според Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, опфатот со ХПВ вакцинација во последните шест месеци од 2024 година стигнал до 58.8 проценти.

Последните податоци што беа споделени и во Софија, освен Словенија, во регионот, сите дртуги земји во околината, Македонија е лидер во овој сегмент. Двата фактора многу влијаат – многу подолго вакцинираме од сите други и навистина многу работевме во овој сегмент, додаде Грозданова.

Таа потсети дека од лани, во нашата држава е достапна и деветвалентната ХПВ вакцина. Покрај девојчињата, може да се вакцинираат и момчињата.

Родово неутралната вакцинација ја поттикнува правичноста и им дава можност на мажите да имаат директна заштита и да се намали ризикот од трансимија, беше истакнато на настанот.

Професор доктор Горан Димитров смета дека превенцијата лежи во редовно одење на прегледи, земање ХПВ тест и вакцинација.

Инциденцата на ракот на грлото на матката е некаде меѓу 11,12,13 жени на 100.000 што значи ние не сме толку лоши. Ние сме некаде во средината кога зборуваме за Европа. Полошо од нас стојат Бугарија, Романија, Русија. Во регионот, најдобро стои Словенија, одговори тој на новинарско прашање.

Димитров потсети дека сѐ уште не е воведен „синиот термин“ што го предложиле како професионални здруженија.

Тоа е една многу добра работа, тоа значи сите дијагнози што се малигни, не зборуваме само за ракот на грлото на матката, да имаат слободни термини – сини, каде докторите ќе може да закажат каква било потребна интервенција. Дали е тоа за предоперативна подготовка, дали е тоа за следењето на болеста. Кога ќе се кликне на „Мој термин“, да се види дека има сино и тој термин може пациентот да го добие најбрзо што може. Тоа не мора да биде веднаш наредниот ден, меѓутоа барем во наредните 14 дена, потсети Димитров во изјава за медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Без консензус нема промена на имиња на улици
Следна Статија „Гугл Мапс“ го менува името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Милиони луѓе во ризик поради SMS врски за најавување

Дури и познати услуги со милиони корисници се изложени на безбедносни закани.

January 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Половина од возрасните во Македонија се пушачи

Речиси 45% од возрасната популација во Македонија активно пуши, што претставува сериозна закана за јавното здравје а Македонија се соочува…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Четири години никој не се пожалил дека му била направена непотребна операција во приватните болници

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не е евидентирана ниту една претставка од пациенти за…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?