Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат
СПОРТ

Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат

Објавено January 24, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот меч од втората фаза на Светското првенство (СП), а ривал ќе ни биде моќната Франција.

Французите веќе го обезбедија пласманот во четвртфиналето на СП, но селекторот Кире Лазаров не смета дека поради тоа противникот ќе се опушти во дуелот со Македонија.

„Франција заедно со Данска се едни од најдобрите репрезентации во последните 10 години. Ние утре нема што да загубиме. По пет исцрпувачки натпревари решивме денеска да им дадеме одмор на момците. Ако нешто ни е потребно, тоа е силата. Да се обидеме да одмориме и да одиграме квалитетен натпревар колку што ќе ни дозволи ривалот. Тоа е една моќна репрезентација, која е добра во дуел, многу трча и има 16 добри ракометари и ротира во натпреварот. Ќе биде тешко да се спротиставиме, ќе побарам од моите играчи да немаат многу респект кон противниците, мора да се учиме да играме против поголеми селекции. Треба да се посветиме самите на себе и да веруваме во тоа што работиме“, кажа Лазаров.

Селекторот ги анализирал ривалите и си потврдил дека станува збор за една од најсилните селекции во светот во моментов.

-Од тоа што можев да го видам минатата вечер и денеска, заклучив дека се опасни на сите позиции, цврсти се и може да шутираат од различни места на теренот. Ние треба да се одмориме и утре да излеземе на терен и да го дадеме нашиот максимум. Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат. Сепак, го знам нивниот начин на размислување, националниот дрес им е свет и секој од нив ќе се бори до крај. Јас сум задоволен од моите момци, од нивната пожртвуваност и игра. Очекувам утре да одиграме уште еден добар натпревар, меѓутоа колку ќе ни дозволи противникот, вели селекторот.

Македонија игра утре од 20:30 часот против Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кристин Лагард во Давос: Европските лидери да ја намалат бирократијата и да ја зајакнат економијата
Следна Статија Марк Цукерберг: Мета ќе инвестира до 65 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското…

June 27, 2025
СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“…

May 29, 2025
СПОРТ

Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А

По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига…

April 21, 2025
СПОРТ

Ига Швјонтек суспендирана поради допинг

Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана. Оваа…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?