Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лажен кол центар откриен во Белград: Ги мамеле граѓаните да инвестираат во криптовалути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Лажен кол центар откриен во Белград: Ги мамеле граѓаните да инвестираат во криптовалути
БАЛКАН

Лажен кол центар откриен во Белград: Ги мамеле граѓаните да инвестираат во криптовалути

Објавено October 24, 2024 23:05
Сподели
Сподели

Преку илегален кол-центар (центар за повици) во Белград биле измамени граѓани на кои им било сугерирано да инвестираат во криптовалути. Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вели дека во широка акција на српските институции и истражните органи на Германија и на Кипар е разбиен меѓународен синџир.

Десетици вработени кои биле затекнати во кол-центарот во Белград се испитуваат за учество во измамнички активности.

Според информациите во официјалното соопштение на Европол, досега се идентификувани околу 120 жртви, кои загубиле околу 12 милиони евра. Сепак, натамошните проценки на германските истражители покажуваат дека има многу повеќе жртви ширум светот и дека измамата изнесува најмалку 300 милиони евра.

Како резултат на оваа истрага, беа идентификувани голем број осомничени, меѓу кои и главниот сторител од Кипар, кој сега е уапсен.

– По операцијата, Сојузното обвинителство и полицијата на Германија изразија благодарност до Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и до регионалните полициски управи на Полициската управа, како и до Специјалното одделение на Обвинителството за борба против високотехнолошкиот криминал, за нивно учество во споменатата акција бидејќи при претресот за водење на кривична постапка и понатамошна обработка на осомничените од страна на германските истражни органи пронајдени се материјални докази – изјави министерот Дачиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сергеј и прости на сопругата што го тепаше, Исидора се врати дома
Следна Статија (Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија и Бугарија денес е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја…

March 18, 2025
БАЛКАН

Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на…

August 25, 2025
БАЛКАН

Шок во Приштина: За Косово да добие кандидатски статус потреба е согласност од сите земји-членки на ЕУ

Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може…

May 7, 2026
БАЛКАН

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?