Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лажниот Бред Пит е од Нигерија – на неговиот телефон лоцирани над 30 жртви, а сега се претставувал како Кијану Ривс за да мами жени за големи суми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Лажниот Бред Пит е од Нигерија – на неговиот телефон лоцирани над 30 жртви, а сега се претставувал како Кијану Ривс за да мами жени за големи суми
ЗАБАВА

Лажниот Бред Пит е од Нигерија – на неговиот телефон лоцирани над 30 жртви, а сега се претставувал како Кијану Ривс за да мами жени за големи суми

Објавено January 17, 2025 22:00
Сподели
Сподели

Лицето кое претставувајќи се како Бред Пит измами Французинка за речиси 700.000 фунти, е пронајдено во Нигерија, јавуваат локалните медиуми.

Марван Уараб, основач на страницата Find My Scammer, и помогнал на жртвата Ана да го најде лицето одговорно за измамата од 697.000 фунти.

Ова се случува откако 53-годишната жена сподели со француските медиуми дека изгубила цело богатство мислејќи дека му помага на Бред Пит да заздрави од рак, притоа не знаејќи зад пораките не стои филмската ѕвезда туку измамник од Нигерија. Целата измама изгледала уверливо бидејќи биле користени фотографии од популарниот актер од болница, со пораки до жената кои делувале напишани во реално време, а биле генерирани со помош на вештачка интелигенција.

Уараб контактирал со лажниот Бред Пит користејќи информации што му ги дала Ана и успеал да влезе во телефонот на измамникот.

Откриена била адресата од каде што лажниот Бред Пит ги пишувал пораките, а сега мамел нови жртви претставувајќи се како Кијану Ривс.

„Тоа е мала група од три или четворица прилично млади луѓе кои предизвикуваат штета. Само на лажниот профил на Бред Пит изброивме 34 жртви“, рече тој, пренесе „Дејли Мејл“.

Контактирно е со нигериските власти.

Жената од Франција претходно изјави дека во времето на измамата минувала низ тежок период со својот сопруг милионер. Најпрвин ја контактирал некој кој тврдел дека е мајка на актерот пред да стапи во контакт со профилот за која верувала дека е самиот Бред Пит.

Ана мислела дека се зближила со актерот по неколку месеци разговор, пред работите да добијат романтичен тек, а потоа и биле побарани пари поради наводни здравствени компликации.

За измамата биле користени лажни социјални медиуми и профили на  „Ватс ап“ , како и технологија за генерирање слики со вештачка интелигенција за да ѝ го испратат на жртвата она што изгледало како селфи и пораки од Пит.

Жртвата на крајот ја сфатила грешката кога видела дека актерот, всушност, не е во болница и дека бил фотографиран со нова девојка. Подоцна била хоспитализирана поради тешка депресија, но решила да проговори и да ја подигне свеста.

Откако зборуваше за своето искуство, жената е на удар на потсмев на Интернет, што доведе до повлекување на интервјуто.

„Приказната емитувана оваа недела резултираше со бран на малтретирање на сведокот“, напиша презентерот на TF1, Хари Розелмак, на својот „Икс“ профил во вторникот. „За заштита на жртвата, решивме да го повлечеме од нашите платформи“, додаде..

Интервјуто, во кое таа зборуваше отворено, па дури и споделуваше семејни фотографии со новинарите, стана вирално во понеделникот.

Тоа предизвика исмејувачки коментари и шеги, но некои онлајн критичари ја обвинија мрежата дека не успеала да заштити ранлива личност која можеби не била свесна за лошите страни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил
Следна Статија Лазаров: Не сакам да се правдам, но кога ќе досудат 12 пенали против вас…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Безос има богатство од 220 милијарди евра, адвокатите работат на обемен предбрачен договор

Со неверојатни 220 милијарди долари богатство, претстојната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез сигурно ќе биде спектакуларен настан. Но,…

May 31, 2025
ЗАБАВА

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен…

September 5, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Џенифер Лопез шокираше со својата облека на настап: „Облечи нешто

Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност…

June 12, 2025
ЗАБАВА

“СОНУВАВ ХРАНА“: Орландо Блум слабе 14 килограми

Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кеjти Пери, мораше драстично да ослабе за својата нова улога…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?