Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Објавено September 28, 2024 08:14
Сподели
Сподели

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се одговорност на раководните лица на одделните буџетски корисници.

На несоодветен начин, од овие програми во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра.

Власта на СДС и ДУИ исплатиле 23 милиони евра во 2021 година преку Генералниот секретаријат, по основи, по кои не можеле и не требале.

И додека за една година исплатиле 23 милиони евра на сомнителен начин, граѓаните собираа пари за лекување на деца по СМС пораки, немаше навреме учебници, ја покачија струјата, пожари се гасеа со возила стари 40 години.

Начинот на кој функционирал Генералниот секретаријат е начин на кој функционирала целата влада на СДС и ДУИ. Неодговорно и недомаќински, рече Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан
Следна Статија Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски обзнани: По иницијатива на Мицкоски, МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави.…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Една година за тебе, доаѓа времето на Македонија!

Мора да се продолжи посветено и уште посилно од луѓе кои размислуваат да се селат, до луѓе кои имаат надеж…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?