Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локалната власт под контрола: Нов механизам за отповикување на градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Локалната власт под контрола: Нов механизам за отповикување на градоначалници
ПОЛИТИКА

Локалната власт под контрола: Нов механизам за отповикување на градоначалници

Објавено December 5, 2024 20:10
Сподели
Сподели

Со законски измени нема да дозволиме градоначалници да хибренираат со години и ништо да не работат, а да бидат на власт, вели претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Според него, алармантната состојба со градот Скопје и со градоначалничката Арсовска, е најголемата причина да се направат итни законски промени за граѓаните преку референдум да можат да отповикаат градоначалник.

Законското решение за локална самоуправа се предвидува да биде готово до март, а дотогаш да има широка дебата на – експерти, градоначалници, претседатели на совети и граѓанскиот сектор.

“Тоа е процес од кој сме засегнати ние, како градоначалници, но сите градоначалници едногласно го поддржуваме тој процес затоа што за жал во државава освен што во моментов ни се случува состојбата со градот Скопје имаме уште многу други неуспешни примери и приказни од минатото каде што се чекало да поминат четири години за некому да му заврши мандатот. Затоа имаме состојби во кои во 21 век решаваме фекални канализации, за жал населени места не се покриени со водоводна мрежа, сега ги решаваме, немаат градинки, немаат училишта и така натаму. Согласно законската регулатива која е во моментов, некој може да биде избран за градоначалник и четири години да ги помине во хибернација и ништо да не сработи за оние кои му ја дале поддршката односно му ја дале власта“ – вели претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Министерот Перински во гостување на Алфа ТВ, најави сериозни реформи во локалната самоупарава, меѓу нив е и референдумот за отповикување на градоначалници.И тој е на ист став со Ѓорѓиевски – последниот збор за разрешување на градоначалници треба да го имаат граѓаните.

„Главната иницијатива за оваа промена произлегува од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Сметаме дека треба да им дадеме на граѓаните можност за отповикување на градоначалниците, а тоа било решено и во претходниот закон,“ нагласи министерот Перински.

Оваа иницијатива за законски измени поризлезе по бројните поплаки од градоначалничката на град Скопје, каде изминативе години владее тотален хаос во главниот град. Криза со јавниот превоз, енормно загадување на воздухот, смени десетици директори на градски претпријатија. Отпушти десетици вработени. Предизвика сообраќајни катастрофи од национални размери, како и стотици тони несобран комунален отпад, кој за да не предизвика опасност по јавното здравје на скопјани, го чистеа општините.

Додека на Арсовска, полека но сигурно и изминува времето да се симне од пиедесталот на „најнеуспешен градоначалник досега“ – Едно останува како нејзино главно обележје. Тоа што нејзината работа направи за прв пат во Македонија да се размислува за закон со кој ќе може избран градоначалник да биде отповикан од функцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Опасноста од „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“: 11 деца хоспитализирани во Скопје
Следна Статија ФИНКИ и ФФК конечно ќе се доградат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

И Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје, професор доктор Горан Марковски – Декан на…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес

Техничката влада е последната линија на одбрана од целосно заробување на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес…

January 9, 2026
ПОЛИТИКА

Идеја што не запира, вредности што носат промени, 35 години ВМРО ДПМНЕ, 132 години ВМРО

Идеја што не запира, вредности што носат промени! 35 години ВМРО-ДПМНЕ, 132 години ВМРО, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ и…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?