Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛШ: Ливерпул не запира, Барселона направи чудо во Лисабон (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЛШ: Ливерпул не запира, Барселона направи чудо во Лисабон (ВИДЕО)
СПОРТ

ЛШ: Ливерпул не запира, Барселона направи чудо во Лисабон (ВИДЕО)

Објавено January 22, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на домашен терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0).

Салах во 34. минута ги доведе домашните во водство, Давид во 62. минута израмни на 1:1 и тоа кога Лил остана со играч помалку на теренот, но на крајот Ливерпул сепак успеа да победи со среќниот гол на Елиот во 67. минута, чиј шутот се одби од блокот на гостинската одбрана и го измами голманот.

Ливерпул е на врвот во групата со 21 бод, три бода помалку од второпласираната Барселона, која во неверојатен меч во Лисабон ја совлада домашната Бенфика со 5:4 (1:3), иако во два наврати губеше со два разлика.

Натпреварот на стадионот „Луж“ го одбележаа неразбирливите грешки на голманите, во што предничеше гостинскиот Војчех Шчесни, кој на домашниот тим му подари два гола во првото полувреме. Во тие први 45 минути одлично се снајде напаѓачот на Бенфика, Павлидис кои постигна хет-трик во 2., 22. и во 30 минута од пенал, вториот откако Шчесни непотребно го напушти својот шеснаесетник и го остави голот отворен за Павлидис, а третиот од пенал кој го направи полскиот голман. Единствениот гол за гостите во првото полувреме го постигна Левандовски во 13. минута од пенал, кога израмни на 1:1.

Во вториот дел, домашниот голман Трубин со лош дегажман во 64. минут го погоди во глава го погоди Рафиња на повеќе од 20-ина метри од голот од кого топката се одби во домашната мрежа. Откако Араухо со автоголот во 68. минута ја врати Бенфика на два гола со несмасниот автогол, се чинеше дека грешката на Трубин ќе биде неважна, но по десет минути по пеналот направен врз Ламине Јамал, Левандовски во 78. минута намали на 3:4, а Гарсија во 86. минута со гол со глава израмни за Барса. Шчесни се искупи за грешкит во шестата минута од судиското продолжение кога по противнападот на Бенфика спречи сигурен погодок на Анхел Ди Марија, а по мешаница во гостинскиот шеснаесетник од која Бенфика бараше пенал што не го потврди ВАР-от, во брза контра Рафиња погоди за голем пресврт.

Барселона со оваа победа обезбеди директен пласман во осминафиналето, додека Бенфика остана на 10 бода и е на 18-то место, а под знак прашалник е и нејзиното место во нокаут фазата од натпреварувањето.

Атлетико Мадрид во вториот дел направи пресврт во натпреварот против Баер Леверкузен и победи со 2:1 (0:1). По првите 45 минути Баер водеше со голот на Хинкапи во првата минута од судиското продолжение на првиот дел и имаше играч повеќе, но Алварез во 52. и 90. минута направи пресврт со двата погодока.

Атлетико е трет во поредокот со 15 бодови, додека Баер е шести со 13.Болоња со 2:1 (0:1) го победи минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд, Борусија поведе преку Гуираси во 15. минута од пенал, но Далинга во 71. и Илингуниор во 72. минута направија пресврт за минута ипол.

И покрај оваа победа, Болоња нема да го продолжи натпреварувањето во нокаут-фазата, сега е 27-ма со пет бода, додека Борусија е 12-та со 12 бодови.

Слован Братислава го претрпе седмиот пораз во седумте настапи, губејќи на домашен терен од Штутгарт со 1:3 (0:2). Првите два гола за Штутгарт ги постигна Левелинг во 11.и 36. минута, а откако Мецоко во 85. го врати Слован во игра, Ридер две минути подоцна од контранапад ја потврди победата на Штутгарт.

Со овој резултат, Штутгарт го прескокна Динамо Загреб на табелата, сега 21-ви со 10 бодови, додека Динамо падна на 25-то место или прв „под линијата“ со осум освоени бодови. Сепак, Динамо има и натпревар помалку и ќе има макар теоретска шанса да дојде до нови бодови во среда против Арсенал во Лондон.

Претходно во вторникот, Аталанта на својот стадион во Бергамо го совлада Штурм од Грац со 5:0 (1:0). Во првиот дел Аталанта поведе преку Ретеги во 12. минута, втоиот го постигна Пашалиќ во 58. минута кога од непосредна близина го реализираше центаршутот на Куадрадо, додека конечниот резултат го поставија Де Кетелаере во 63. минута, Лукман во 90. минута и Брешианини во четвртата минута од судиското надополнување.

Со оваа победа Аталанта скокна на четвртото место во поредокот со 14 бодови, додека Штурм е 32. со три бода.

Белградска Црвена ѕвезда и покрај големите очекувања на свој терен беше поразена од ПСВ со 2:3. Првата шанска на мечот ја имаа домашните, но казната стигна веќе во 17. минута кога Лук Де Јонг реализираше со глава. По само шест минути истиот играч исто по изведе корнер ја удвои предноста на ПСВ, а пред самиот крај на првото полувреме Фламинго повторно по изведен корнер ги доведе гостите до големи 3:0. Ѕвезда добро го започна вториот дел, а веќе во 50. минута имаше играч предност откако стрелецот Фалминго доби црвен картон. Таа предност домашните ја искористија во 71. минута кога Шериф намали на 1:3, а само шест минути подоцна токму асистенот Џига со својот погодок предизвика драма на „Маракана“. Но Ѕвезда немаше сили до крајот да направи големо враќање.

Црвена ѕвезда е мометално 31-ва со само 3 бодови и веројатно мечот на 29-ти јануари со Јанг Бојс во Берн ќе биде нејзиниот последен европски настап сезонава. ПСВ Ајндховен сега е 16-ти со 11 бодови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за Maкедонија
Следна Статија Трамп ќе му дозволи на Маск да го купи ТикТок ако тој тоа го сака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Уапсен Дејан Савичевиќ

Претседателот на ФСЦГ и поранешен познат фудбалер на Црвена Звезда и Милан, Дејан Савиќевиќ е приведен. Причината за апсењето на…

July 7, 2025
СПОРТ

Тежок пораз во Талин, Македонија нема да игра на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без шанси да се пласира на Европското првенство кое во септември ќе се одржи во…

February 22, 2025
СПОРТ

Што има во магичната таблета на Ноле?

Новак Ѓоковиќ се бореше за пласман во осминафиналето на Австралија опен со Томаш Махах, а иако резултатски се е совршено,…

January 17, 2025
СПОРТ

Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија во фудбал. Ова е епилогот од денешните реванш полуфинални…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?