Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Објавено December 6, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа-јакнење на културата во функција на одржливиот равој (КОМОКОСЕЕ) на кој Македонија и официјално го презеде од Црна Гора претседавањето со ова значајно тело во период од една година.
Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков рече дека има големи очекувања од регионалната соработка, за која верува дека ќе се продлабочи и ќе се интензивира следната, 2025 година.

„Верувам дека во годината кога одбележуваме 20 години од потпишувањето на Повелбата на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, ќе успееме да ги завршиме преговорите за формирање на Фондот за културна соработка, за кој сме согласни дека ќе претставува уште еден механизам за зацврстување на регионалното поврзување преку нови идеи и решенија, со што ќе дадеме значаен придонес во обезбедувањето сигурен напредок на културата“, порача Љутков.
Претходно, министрите за култура и шефовите на делегациите на земјите членки разговараа за зацврстување на соработката во Култура и уметност за одржлив развој во време кога светот се соочува со сериозни предизвици.

Во годината кога се одбележува деценија од усвојувањето на Охридската регионална стратегија за културна соработка во ЈИЕ, Љутков, говорејќи за значењето на состанокот, во своето обраќање ја потенцираше улогата на културата во глобалните процеси, истакнувајќи ја потребата за унапредување на соработката и создавање нови можности преку нејзина интеграција во образовните системи.

„Во време кога светот се соочува со сериозни предизвици, постои потреба сите да работиме на создавање одржливи и инклузивни општества каде што културата ќе има клучна улога во глобалните процеси. Свесни сме за улогата на културата во меѓусебното разбирање и за тоа колку се мали разликите, а колку се големи сличностите меѓу нас, а сето тоа заедно создава простор за нови можности. Затоа, нашата посветеност и одговорност како министри за култура треба да биде во насока на интеграција на културата во образовните системи, односно да создадеме образовни програми кои не само што ќе ги промовираат културните вредности, туку ќе ги поттикнат младите да бидат консуматори на културата, но и нејзини активни креатори и промотори“, рече Љутков.

Министерот информираше дека образованието за култура и уметност за одржлив развој во нашата земја добива сè поголемо значење, особено преку интегрирање на уметничките и културните активности во разни инцијативи, програми и проекти.
„Ние сме посветени на создавање нови можности за младите, поттикнувајќи иновации и интеграција на културните вредности во образованието. Во тој контекст, сакам да ги истакнам конкурсите на Министерството за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата, со кои ги стимулираме младите и придонесуваме за нивното образование во областите што се од особена важност за културата и уметноста“, истакна министерот Љутков.

Тој додаде дека со поддршка од Министерството, институциите од областа на културата континуирано организираат едукативни проекти за подигнување на свеста за важноста на културата и уметноста, а е подобрена и пристапноста и инклузијата на лицата со попреченост и на маргинализираните групи кон програмите и содржините во институциите.

На состанокот во Црна Гора министрите за култура и високите претставници на земјите од ЈИЕ ја усвоија и Декларацијата од Херцег Нови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд
Следна Статија Мухамед е најпопуларно име за машките во Велика Британија, Оливија за женските бебиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја вративме безбедноста на мостот кај Башино село во Велес

Ја вративме безбедноста на мостот кај Башино село во Велес,објави на Фејсбук, потпретседателот на Владата, Александар Николоски. Денеска го пуштивме…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Скопје со јачина од 3,1 степен

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала предмалку е регистиран на границата со Косово-Србија-Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор на Македонската филхармонија, што го назначи ресорниот  министер Зоран Љутков, на јавно распишан…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?