Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата

Објавено January 13, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Вевчанскиот карневал е многу важен не само за Вечвчани, туку и за Република Македонија. Тој е национален бренд, нешто што е препознатливо не само во Македонија, туку препознатлив и интересен и за Европа и за целиот свет. Мора да го негуваме и да ја одржуваме и надоградуваме оваа традиција. Тоа го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков пред официјалниот почеток на дефилето од Вевчанскиот карневал.

Важно за карневалот, според него, е критиката кон општеството и политичарите за корекција и подобро утре.

– Она што е многу важно особено за овие карневали, бидејќи доаѓам од професијата актер и театарот секогаш го критикува општеството. Ги критикува политичарите, ги критикува политичките ситуации. И овој карневал ја има истата улога, сега да ме критикува и мене, да го критикува општеството, да ги критикува политичарите, и тоа треба да го прифатиме многу позитивно. Со самата таа критика и ние ќе се подобориме во односот и спрема општеството и спрема граѓаните, рече Љутков.

Иако Вевчанскиот карневал имаше прекини во однос на финансирањето тој вети дека зголемување на буџетот од година во година, со надеж дека манифестацијата ќе расте и ќе стане се посилен бренд за Македонија.

Покрај министерот Љутков и градоначалникот Спасе Кочовски, карневалското дефиле го следеа и премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за правда Ален Деребан, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, а меѓу присутните беше и претседателот на Федерацијата на ервопски карневалски градови Ларс Алгел.

По традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и Глупавите Августи креативните вевчанци на хумористичен начин ја прикажаа релаксирачката атмосвера со играње фудбал во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното порше. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, како и Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм. Забавата беше збогатена со „Вевчанско вече“, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските утре вечер во центарот на Вевчани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Binance извештај за 2024та: Трансформација, рекорди и над 250 милиони корисници
Следна Статија Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со видео-обраќање им ја честита на граѓаните Новата 2025 година. Во обраќањето Тошковски посочува…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со емотивен статус му го честиташе роденденот и именденот на својот син Антониј

Премиерот Христијан Мицкокси, со емотивен Фејсбук статус му го честиташе именденот на својот син Антониј. -За именденот на постариот син…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?