Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски

Објавено February 14, 2026 16:11
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда во Минхен.

Мицкоски, во изјава од Минхен информира дека оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф и Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет, дека присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, а најави и  средби со претседателот на Украина, Володомир Зеленски, амбасадорот Гренел и претставникот на финансиската групација Голдман Сакс.

– Добар ден од Минхен, вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција. Денот го започнавме на средба со господинот Тед Дојч, инаку претседател на Американско-еврејскиот комитет. Средба на која што разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот кој што секогаш треба да претставува наша цел кон која што како политичари треба да се стремиме, изјави Мицкоски.

Веднаш потоа, како што посочи Мицкоски, присуствувал на исклучително инспиративното обраќање на американскиот државен секретар, Марко Рубио.

– Обраќање на коешто тој уште еднаш потенцираше за глобалните светски предизвици пред се безбедносни, но и она коешто за него е особено важно, а и она што особено беше важно во неговото обраќање, а тоа е нераскинливата врска помеѓу Европа како континент и Америка како континент, или да бидам попрецизен, како што тој ја нарече Америка – дете на Европа. Она што тој го порача и беше негова главна порака е дека како партнери и како пријатели треба да продолжиме да соработуваме во светот, и не само во рамките на НАТО алијансата, туку и заедно да ги решаваме сите безбедносни предизвици, но и економски предизвици кои што се исправени пред нас како два различни континента – Европа и Америка, изјави Мицкоски од Минхен.

Мицкоски имаше билатерална средба со холандскиот премиер Дик Схоф, на која, како што посочи, разговарале за три важни работи за нас како држава.

– Првата, ние се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во СБ и ММФ. Под два, тоа се холандските инвестиции во Македонија, но и соработката со мултинационалната компанија Филипс и можноста за соработка во здравствениот сектор. И трета тема која што ја разговаравме – евроинтегративните процеси на Македонија во рамките на Европската Унија, изјави Мицкоски.

Тој, како што најави, денот го продолжува со други средби и состаноци.

– Една од тие средби ќе биде и средбата со претседателот на Украина, господинот Володомир Зеленски, потоа амбасадорот Гренел и исто така претставникот на финансиската групација Голдман Сакс. Следете нè – продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ: Се чувствувам како Грк
Следна Статија Чеда Јовановиќ е многу љубоморен на дечкото: Му ги брише пораките во мобилниот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на почетокот од следната недела ќе…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција

Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?