Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија

Објавено May 8, 2026 14:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава.

Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа.

– Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски.

За тоа дали очекува затегнување на односите откога денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол оти очекува влошување, туку дека не очекува подобрување. 

– Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување, наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, кога победи, јас тоа утро му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои треба да разговараме – истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Распишан огласот за вработување медицински персонал, болничари и хигиеничари во штипската Клиничка болница
Следна Статија СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се бара решение за проблемот со превозниците во координација со Европската комисија

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комисија се…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Владата е стабилна и има поддршка

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?