Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски за прислушувањето: Гледам во СДСМ се вознемирени, и треба да бидат затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски за прислушувањето: Гледам во СДСМ се вознемирени, и треба да бидат затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите
ПОЛИТИКА

Mицкоски за прислушувањето: Гледам во СДСМ се вознемирени, и треба да бидат затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите

Објавено September 4, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:

„Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш за секогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ова е веќе четврти квартал со раст на БДП со повеќе од 3% заедно со оваа Влада
Следна Статија „Тагас Балкан“ – прочуениот бренд за локум од Крушево. Неговиот сопственик Нико Чонески се кандидира за градоначалник!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Османи се заканува: Мицкоски ќе сфати дека ако не сме во Влада мир нема да има

„Не по секоја цена сметам дека ДУИ треба да победи, меѓутоа граѓаните треба да одлучат кој ќе ги претставува во…

December 24, 2024
ПОЛИТИКА

Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во врска со работата на Македонско-бугарската експертска комисија за историски…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?