Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија
СПОРТ

Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија

Објавено May 8, 2025 19:50
Сподели
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Македонија уште од самиот почеток наметна силно темпо и на средината од првиот дел имаше водство од седум голови разлика (12-5) кое на полувремето изнесуваше недостижни плус девет (19-10).

Во продолжението македонските ракометари рутински го приведоа натпреварот до самиот крај и ја забележаа втората победа во петтиот натпревар во квалификациската група 1.

Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а голманите Томовски и Митревски заедно запишаа вкупно 19 одбрани.

Во завршното коло Македонија в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Литванија и за сигурен пласман на ЕП на избраниците на Лазаров ќе им биде потребна победа од најмалку три голови разлика

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американецот Роберт Превост е новиот папа – го избра името Лав XIV
Следна Статија Крадци фатени на дело- оперирале во објекти на поранешна Железара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

Дури тројца од четворицата најдобро рангирани тенисери на АТП 500 турнирот во Акапулко беа принудени да се повлечат или да…

February 27, 2025
СПОРТ

Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот…

May 12, 2025
СПОРТ

Растур систем во Реал пред мечот со Барселона

Нови непријатни вести стигнуваат од таборот на Реал Мадрид пред дербито во недела со Барселона. За време на тренингот во…

May 7, 2026
СПОРТ

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов

На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?