Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maкедонските кошаркари тргнаа со шпанскиот селектор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Maкедонските кошаркари тргнаа со шпанскиот селектор
СПОРТ

Maкедонските кошаркари тргнаа со шпанскиот селектор

Објавено February 23, 2026 16:12
Сподели
Сподели

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:

–  Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок. Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.

Шпанскиот тренер ги објасни „врските“ како дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:

–  Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија. Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои, изјави Берокал на денешната промоција.

На прес конференцијата претседателот Томе Главчев, информираше дека во стручниот штаб со Берокал, е вклучен Ѓорѓи Кочов тренер со меѓународно искуство, а во работата со репрезентациите е вклучен и Владо Илиевски.

–  Како федерација, остануваме цврсто определени кон професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности – и веруваме дека со заедничка работа, поддршка од јавноста и медиумите, можеме повторно да ја позиционираме македонската кошарка на нивото кое го заслужува – порача првиот човек на македонската кошарка.

Македонските кошаркари првиот натпревар под водство на Шпанецот Берокал ќе го имаат в петок од 18 часот во Градски парк, а противник е Луксембург. Со овој дуел стартуваат претквалификациите за Европското првенство 2029 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Груби на распит во Обвинителството
Следна Статија Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пипен: Јокиќ никогаш немаше да доминира во НБА во 90-тите

Освојувачот на шест НБА титули со Чикаго Булс и најдобар соиграч на Мајкл Џордан, зборуваше за Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар…

September 28, 2025
СПОРТ

Знаете ли како се игра Карлинг?

Скандалот со карлингот на Зимските олимписки игри во Италија во 2026 година избувна со обновена жестина на 15 февруари. Засиленото…

February 16, 2026
СПОРТ

Со нив промаши пенал во финалето на СП: Kопачките на Роберто Баџо се во Скопје

Се сеќавате ли на финалето на Светското првенство во 1994 година во САД. Во финалето играа Бразил и Италија а…

May 16, 2025
СПОРТ

Надал се враќа на Ролан Гарос!

Само неколку месеци откако објави крај на својата натпреварувачка кариера, славниот Шпанец би можел да преземе посебна улога на Парискиот…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?